„Иди у …“ – Хит-видео од Бред Пит како го пцуе Клуни на балкански начин во најновиот филм

Двајцата извадија пиштоли, спремни за пресметка, и додека хрватскиот актер Златко Буриќ ја смирува ситуацијата со реченицата „Оладите...“, Бред Пит го пцуе Џорџ Клуни со пцовката: „Иди у пи*ку материну“...

idi-u-hit-video-od-bred-pit-kako-go-pcue-kluni-na-balkanski-nachin-vo-najnoviot-film-01_copy.jpg

Ќе биде потребно добро да внимавате, но на крај ќе сфатите дека навистина Бред Пит го псуе Џорџ Клуни на балкански начин во новиот филм Wolfs, со пцовката која е карактеристична за сите балкански југословенски народи.

idi-u-hit-video-od-bred-pit-kako-go-pcue-kluni-na-balkanski-nachin-vo-najnoviot-film-05.jpg

На Јутјуб е објавено кратко видео од најновиот филм на Џорџ Клуни и Бред Пит, Wolfs, кое ги заинтригира сите балкански народи, затоа што во меѓусебна расправија во една од сцените, ако добро внимавате ќе забележите дека Бред Пит му вели на Клуни:

„Ма иди у пи*ку материну!“

idi-u-hit-video-od-bred-pit-kako-go-pcue-kluni-na-balkanski-nachin-vo-najnoviot-film-02.jpg

Станува збор за сцена којашто се одвива за време на свадба, па откако ќе завршат со свадбеното оро, при крајот двајцата актери ги вадат пиштолите еден кон друг, а Пит го пцуе Клуни.

Во филмот глуми и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој ја толкува улогата на руски мафијаш, а исто така се појавува во истата сцена.

Погледнете го видеото (пцовката е на 2:17):

Инаку филмот Wolfs e прво заедничко враќање на Пит и Клуни на големото платно по цели 6 години.

idi-u-hit-video-od-bred-pit-kako-go-pcue-kluni-na-balkanski-nachin-vo-najnoviot-film-03.jpg

Станува збор за крими комедија, слична на претходните заеднички проекти во кои играа двајцата холивудски заводници.

idi-u-hit-video-od-bred-pit-kako-go-pcue-kluni-na-balkanski-nachin-vo-najnoviot-film-04.jpg

Пит и Клуни толкуваат ликови кои се занимаваат со прикривање убиства и криминални дејствија, а сосема случајно ќе бидат принудени да работат заедно.

Погледнете го трејлерот за нивниот најнов филм:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...

Најчитани неделава