Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По распаѓањето на групата: Како изгледаат денес девојките од „the Pussycat Dolls“?

Поминаа речиси 6 години од распаѓањето на женскиот бенд „the Pussycat Dolls“. Поголемиот дел од нас знаат што случува со Никол Шерцингер, но дали знаете што прават останатите членови на групата?

po-raspagjanjeto-na-grupata-shto-pravat-devojkite-od-the-pussycat-dolls-01.jpg

Како изгледаат и што прават девојките од „the Pussycat Dolls“:

Никол Шерцингер

Полесно би било да се набројат работите кои Никол не ги правила, бидејќи откако ја напушти групата, таа е речиси насекаде во шоу-бизнисот. Се појави на „Dancing With the Stars“, а потоа стана и судија на „The X Factor“ каде го собра машкиот бенд „One Direction“.

 

Нејзиниот прв соло албум, „Killer Love“ го објави во 2011-та година, а песната „Don't Hold Your Breath“ стана број еден хит на британските топ листи.

Во 2012-та стана перманентен судија на „The X Factor“ и победија заедно со Џејмс Артур. Во 2014-та го напушти местото како судија да се концентрира на својата музика.

Мелоди Торнтон

По распаѓањето на групата, Мелоди стана судија на шоуто „Bank of Hollywood“, а година дена подоцна отпатувала до Велика Британија за да се натпреварува на „Popstar to Operastar“.

 

Многумина очекуваа да се појави и нејзин соло албум, но тоа никогаш не се случи. Неодамна се појави во реклама на Dior, а работи како модел од 2011-та година.

Кимберли Вајт

Русокосата Кимберли станала судија на британско талент шоу пред Никол , „Got to Dance “, во 5 сезони. Стигна до број 5 на британските топ листи како дел од песната „Candy“ на Aggro Santos.

 

Стана дел од дуото „Her Majesty & the Wolves“ кое имаше еден објавен албум во 2011-та година, именуван како „111“.

Џесика Сута

Пејачката и текстописец беше одлучна да стане соло ѕвезда. Започна со песната „I Wanna Be Bad“, а потоа следеше песната „Show Me“.

 

При крајот на оваа година се очекува да излезе нејзиниот прв албум „Feline Resurrection“.

Ешли Робертс

Оваа девојка остана позната на британските територии. Победи на „I'm a Celebrity Get Me out of Here“, потоа стана судија на „Dancing on Ice“.

 

Кратко се појавува и во ТВ серијата „90210“ како професорка по стриптиз.

Кармит Бачар

Како и Џесика Сута, така и Кармит се обидува да успее строго во музичката индустрија. 

 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 84 години имал 22 девојки – Кој е Квинси Џонс, продуцентот на ѕвездите што почина викендов? Има соработувано со најголемите музички ѕвезди, како Френк Синатра и Мајкл Џексо...
„Како кечап и сенф“ – Блејк Лајвли и Џиџи Хадид во тематски аутфит на премиера на филм Блејк Лајвли носеше аутфит со кој го поддржа сопругот, иако неодамна имаше гласи...
Џеј Ло си ја отвори душата за разводот: „Бев среќна, а потоа цел свет ми експлодира“ „Токму тоа ми требаше. Фала ти Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго време, ...
Имаат близнаци од сурогат мајка, заедно се 20 години: Детали за бракот на Нил Патрик Харис и Дејвид ... Нил Патрик Харис и сопругот Дејвид Буртка се заедно од 2004 година, а имаат и 14...
Почина „жената-мачка“ која си го уништи лицето со пластични операции: „Беше здрава, се подготвувавме... „Почина додека спиеше, мирно. Џослин беше во одлична форма, со совршено здравје“...
Продаде преку 20 милиони плочи во '90-те, денес е бездомник - Tажната судбина на пејачката на En Vog... Ги отпеа хитовите Free Your Mind и Don’t Let Go, имаше светска слава и пари, а д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg