Имаат близнаци од сурогат мајка, заедно се 20 години: Детали за бракот на Нил Патрик Харис и Дејвид Буртка

Нил Патрик Харис и сопругот Дејвид Буртка се заедно од 2004 година, а имаат и 14-годишни близнаци кои ги добија со сурогат мајка. Додека некои коментираат дека изгледаат како среќно семејство, други сметаат дека нивните деца делуваат несреќно и едвај чекаат да се иселат од дома.

imaat-bliznaci-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-01.jpg

Нил Патрик Харис се прослави со улогата во How I Met Your Mother.

Иако во серијата глуми „непоправлив женкар“, во приватниот живот Нил е хомосексуалец и веќе 20 години е со ист партнер.

Со сопругот Дејвид Буртка имаат и четири деца.

imaat-2-deca-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-09.jpg

Неколку детали за нивниот брак (и критиките со кои се соочиле):

Нил и Дејвид ја почнале врската во 2004 година, но тогаш актерот немаше откриено дека е геј.

Нил првпат зборуваше за својата сексуална ориентација во 2006-та, во интервју за The People.

Сепак, ни тогаш не кажа дали има партнер, бидејќи не сакал да се соочи со критики.

Дури во 2007-ма, тој и Дејвид се појавија како пар, и тоа на доделувањето на Еми наградите.

imaat-2-deca-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-03.jpg

Подоцна актерот изјави дека не сакал да го става својот живот „на тацна“ за сите и дека она што му се случувало приватно, треба да остане приватно.

Па, затоа долг период го криел идентитетот на Дејвид.

Во 2010-та, Нил откри дека со Дејвид очекуваат близнаци од сурогат мајка, кои се родија кон крајот на годината.

imaat-2-deca-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-04.jpg

Тогаш, како геј пар, се соочија со критики за одлуката да основаат семејство, но двајцата ги немаат коментирано.

Единствено Нил има изјавено дека верува дека денес светот е поотворен за ваквите врски.

Веќе следната година, Дејвид и Нил соопштија дека ќе се венчаат, откако истополовите бракови беа легализирани во Њујорк.

На свадбата присуствуваа и нивните деца.

imaat-2-deca-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-10.jpg

Подоцна, во интервју, Нил изјави дека се венчале најмногу поради децата. Односно, за полесно да им ја објаснат динамиката во семејството.

„Кога нашите деца ќе почнат да разбираат, ќе почнат да поставуваат многу прашања.

Па, ни беше важно да им биде јасно кој им е татко, како и дека Дејвид ми е сопруг – тоа е полесно да се разбере отколку дечко или партнер“.

imaat-2-deca-od-surogat-majka-zaedno-se-20-godini-detali-za-brakot-na-nil-patrik-haris-i-dejvid-burtka-07.jpg

Во април 2024-та, тие прославија 20 години од нивниот прв состанок.

Неодамна, пак, споделија семејна фотка за Нова година со двете деца кои веќе имаат 14 години.

Сепак, се соочија и со критики и некои истакнуваат дека нивните деца, особено ќерка им, не изгледаат многу среќни.

Додека некои велат дека делуваат како навистина среќно семејство, други коментираат дека децата изгледаат како едвај да чекаат да се иселат од дома.

Некои, пак, спомнуваат и претходната врска на Дејвид, со продуцентот Џавин Џангер кој доби близнаци од сурогат мајка додека беа заедно.

„Сигурно им е тешко на првите близнаци да го гледаат радосен со новите деца“.

Повеќе фотки од семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава