Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Џенифер Анистон секое утро станува во 04:30?

Неодамна Џенифер Анистон во едно интервју ги откри своите утрински навики со тоа ја разбранува целокупната јавност, посебно оние кои сакаат да спијат до доцна.

znaete-li-zosto-jenifer-aniston-stanuva-sekoe-utro-vo-04-30-001.jpg

„Ако работам, станувам во 04:30 часот наутро. Ако немам никакви работни обврски, тогаш сум на нозе помеѓу осум и девет часот наутро, бидејќи сакам подолго да останам будна. Веднаш после будењето, пијам чаша топла вода со парче лимон“ - изјавила актерката за магазинот „Well and Good“.

Znaete-li-zosto-Jenifer-Aniston-stanuva-sekoe-utro-vo-04-30-02

Потоа следува миење на лицето само со сапун и вода.

„Медитирам околу 20 минути, понекогаш и 10. Ја повторувам мантрата за трансцендентална медитација која веќе ја знам напамет“ – додала таа.

Следната точка на листата е појадокот. Но, нејзиниот појадок значително се разликува од поголемиот дел луѓе.

Џенифер наутро пие посебен пијалак од банана, боровница, смрзнати вишни, стевија, зеленчук и малку какао.

Ако веќе нема време за подготовка на овој „волшебен“ оброк, јаде јајца и тост. Секогаш јаде малку авокадо.

После појадокот следи и првиот тренинг.

Znaete-li-zosto-Jenifer-Aniston-stanuva-sekoe-utro-vo-04-30-01

„Имам личен тренер и првиот тренинг се состои од возење велосипед половина час, на што му претходи 40-минутна јога“, додава Џенифер.

После ова на ред доаѓа одењето во теретана, каде што згодната актерка им се посветува на теговите и трчањето на лента.

Таа вели дека тајната на витката линија се крие во тоа да го збуните сопственото тело.

„Добро е да го забрзате темпото, а потоа да забавите, правете го ова наизменично и вашето тело ќе ви биде благодарно“ – препорачува таа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ријана како кадифено мече, Ели Голдинг завиткана во јорган – Бизарни аутфити на British Fashion Awar... Додека аутфитот на Ријана го подели мислењето на јавноста, Џулија Фокс беше крит...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
„Одиме да се венчаме“ – Чак Бас од реалноста во луксузен приватен авион со прекрасната избраничка и ... Заводникот од Gossip Girl, Ед Вествик и неговата прекрасна избраничка, објавија ...
Ева Лонгорија со синчето на гала настан во Париз - танцуваат и се забавуваат на црвениот тепих (фото... Некогашната „очајна домаќинка“, Ева Лонгорија, блескаше на гала настан во Париз,...
Линдзи Лохан пијана се обиде да киднапира дете: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Се сеќавате на актерот Арчи Хамер за кој пред четири години се појавија обвинени...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg