Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По 23 години Аксел и Слеш повторно заедно на сцена

За среќа на обожавателите на култниот рок бенд, ова не беше првоаприлска шега.

po-23-godini-aksel-i-slesh-povtorno-znaedno-na-scena-01.jpg

Со исклучок на минатата ноќ, последниот пат кога Аксел Роуз и Слеш настапија заедно беше на 17-ти јули, 1993-та година на стадионот на Ривер Плате во Буенос Аирес, Аргентина.

Се чини дека недоразбирањата помеѓу ривалите завршија, а GUNS N' ROSES  повторно се собраа на истото место каде што ја започнаа својата кариера - во рок клубот Трубадур, лоциран во западниот дел на Холивуд.

Ограничениот број на билети за концертот се распродале во експресно краток рок, по цена од само $10 долари, а оние среќници кои навреме купиле билет, имаа можност да го слушнат омилениот бенд обединет, како во старите добри времиња.

Аксел Роуз, Слеш, Даф Мек Кеган, Френк Ферер и Ричард Фортус се погрижија за одличната атмосфера, свирејќи ги нивните најголеми хитови Welcome To The Jungle, Sweet Child O' Mine, New Rose, Chinese Democracy...

GUNS N' ROSES ќе имаат уште 6 концерти во април, 2 на музичкиот фестивач Коачела, 2 во Лас Вегас и уште 2 концерти во Мексико Сити.

За време на концертот, бендот воедно ја најави и летната турнеја за 2016-та година којашто ќе започне на 23-ти јуни, настапувајќи во неколку градови во Северна Америка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Бурната љубов на Ким Бесинџер и Алек Болдвин: Разводот ја уништи, заради него почна со пластични опе... Бракот, а потоа и разводот на Ким Бесинџер и Алек Болдвин останува познат како е...
Се крие во англиско село, на бившата сопруга ѝ плаќа само 700 евра месечно - Што знаеме за сопствени... Се крие во англиско село, ја чува својата приватност, а и покрај тоа што има мил...
На 84 години имал 22 девојки – Кој е Квинси Џонс, продуцентот на ѕвездите што почина викендов? Има соработувано со најголемите музички ѕвезди, како Френк Синатра и Мајкл Џексо...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
10 славни личности кои се вегани или вегетаријанци Памела Андерсон е голема активистка за правата на животните и со години е дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg