6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и сопругата Лорен
- Детали
- четврток, 01 мај 2025
Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холивуд. По скоро две децении заедно, за нив се нема појавено ниту еден скандал, па многумина ги гледаат како инспирација и пример за среќен и успешен брак.
Двејн Џонсон, познат како The Rock, и неговата сопруга Лорен Хашијан се заедно речиси две децении.
Важат за еден од најсреќните и најубавите холивудски парови, а актерот не пропушта можност да каже нешто убаво за саканата и нивното среќно семејство.
Неколку детали за нивната врска:
Ја почнаа врската додека актерот се разведуваше од првата сопруга
Не е познато како точно се запознале Двејн и Лорен, но наводно првпат се сретнале додека тој го снимаше филмот The Game Plan во 2006 година. Тој период, Двејн беше во брак со првата сопруга – Дени Гарсија.
Двејн се раздели од првата сопруга во 2007-ма, по цела деценија заедно, а го финализираа разводот следната година.
Во меѓувреме, актерот почна врска со сегашната сопруга Лорен, а остана во добар однос со бившата.
Извесен период ја криеја врската
Актерот и Лорен неколку години ја криеја врската и дури во 2012-та Двејн првпат ја спомна саканата. Во интервју, тој изјави дека е среќен што нашол љубов по разводот.
„Имав среќа да се вљубам еднаш. Но, да се вљубам вторпат? Тоа е навистина тешко да се оствари. Што значи, јас сум навистина среќен“.
Истиот период, се огласи неговата бивша сопруга која истакна дека се во добар однос и покрај сè, а и суптилно спомна дека ја поддржува неговата нова врска.
„Двејн е семеен човек. Ние си веруваме. Сега имаме две различни семејства и во нив додаваме нови луѓе“.
Првпат се појавија во јавност во 2013-та
Двејн и Лорен првпат се појавија како пар дури шест години откако ја почнаа врската. Тие заедно присуствуваа на премиера на филм во Холивуд.
Двејн има ќерка од првата сопруга, која веднаш се зближила со Лорен.
Па, по првото појавување во јавност, актерот честопати беше забележуван во друштво на Лорен и ќерка му.
Во интервјуа, честопати кажуваат само убави работи еден за друг
Кратко откако ја потврдија врската, Двејн истакна дека Лорен е неговата подобра половина.
„Кога давам интервјуа, толку многу се зборува за мојата кариера, за успехот, што немам можност да ги спомнам Лорен и ќерка ми. Но, јас сакам да имаме рамнотежа, особено во домот.
Ја сакам мојата подобра половина. Целиот успех што го постигнав, немаше да се случи ако немав поддршка од дома“.
Добија две деца пред да се венчаат
Во 2015 година, Лорен и Двејн ја добија ќерката Јасмин, а актерот ги сподели убавите вести на Инстаграм. Потоа, во 2018-та, тие добија уште едно девојче, Тијана.
И по двете породувања, Двејн Џонсон ја искажа својата радост, но и ја искористи можноста да ја пофали својата сакана за храброста и издржливоста.
Се венчаа на Хаваи
По повеќе од една деценија заедно, Двејн Џонсон и Лорен одлучија да се венчаат, со мала прослава на Хаваи.
„Се чувствувам одлично. Церемонијата беше убава и феноменална.
Свадбата беше тивка, приватна, што беше совршено“, изјави Двејн кратко по венчавката.
Повеќе фотки од парот на следната страница...
Би можело да ве интересира:





