Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се најомилените, а кои најомразените ѕвезди на Инстаграм?

Што мислите, кого го поддржуваме најмногу, а кого најмалку на популарната социјална мрежа? Подгответе се да бидете изненадени.

koi-se-najomilenite-a-koi-najomrazenite-dzvezdi-na-instagram-1.jpg

Крис Џенер е дама со бројни називи – ѕвезда на реално шоу, кул мајка, пријателка, партнерка, деловна жена, понекогаш дури и модна икона – а сега на тој список може да се додаде и епитетот „најсакана личност на Инстаграм“.

На веб-страницата AreaVibes беа објавени топ листите на најомилените, односно најомразените личности на Инстаграм, по претходно спроведеното истражување на статистиките на  социјалната мрежа.

koi-se-najomilenite-a-koi-najomrazenite-dzvezdi-na-instagram-2.jpg

Рангирањето е направено врз основа на бројот на лајкови, но и на општиот позитивен или негативен тон во коментарите од корисниците. Со други зборови, што повеќе позитивни коментари има некоја ѕвезда, толку повеќе ја сакаат слебдениците и обратно.

Гордата мајка Крис Џенер се најде на самиот врв на листата на „позитивци“, а по неа следуваат актерот Вин Дизел на второто, односно кошаркарот Леброн Џејмс на третото место. Џеј Ло се смести на четвртата позиција, а Клое Кардашијан, пак, на петтата. Десеттото место го зазема Лејди Гага.

koi-se-najomilenite-a-koi-najomrazenite-dzvezdi-na-instagram-3.jpg

Најмногу лајкови во просек по објава, како што може и да претпоставите, има новокрунисаната кралица на Инстаграм, Селена Гомез. Веднаш по неа, на второто место е аргентинскиот фудбалер Лео Меси, па Тејлор Свифт која е трета, а Кендал Џенер е четвртата ѕвезда на оваа листа. И нејзината сестра Кајли Џенер се најде на високото шесто место, а меѓу нив е и Кристијано Роналдо како петти. Пејачот од групата One Direction, Хери Стајлс е седми, Бијонсе - осма, додека старлетата Ким Кардашијан заврши на 10-тата позиција.

koi-se-najomilenite-a-koi-najomrazenite-dzvezdi-na-instagram-4.jpg

Титулата за најомразен лик, пак, му припадна на Ден Билзеријан, контроверзниот плејбој и самопрогласен „крал на Инстаграм“. Друштво на врвот му прави Кортни Кардашијан како втора, по неа е манекенката Кара Делевињ, а потоа и поп-пејачките Мајли Сајрус и Кети Пери. Во топ десетте славни личности со најмногу „хејтерски“ коментари се вбројуваат и сопругот на Кортни, Скот Дисик (6), раперот Дрејк (7), и одново сестрите Кендал (8) и Кајли Џенер (9), кои добиваат лајкови, но не и доволно зборови со поддршка на своите профили.

koi-se-najomilenite-a-koi-najomrazenite-dzvezdi-na-instagram-5.jpg

Сакани или мразени, не може, а да не забележиме дека кланот Кардашијан-Џенер си доминира на секоја од листите.

Имате ли вие своја омилена ѕвезда на Инстаграм?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg