„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер?

Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваат Кајли Џенер. Некои сметат и дека лажат дека се пар бидејќи не сакале да веруваат дека актерот би се вљубил во „пластична жена“ како ријалити ѕвездата.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-01.jpg

Врската на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе е дефинитивно една од најмалку очекуваните во светот на шоу-бизнисот.

На почетокот никој не веруваше на гласините, а откако се појавија заедно на настан, многумина беа убедени дека нема да издржат долго.

Но, скоро две години подоцна, актерот и ријалити ѕвездата уште се заедно.

И иако изгледаат среќно, фановите на Тимоти Шаламе имаат само лоши зборови за нивната љубов.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-05.JPG

Што знаеме за врската на младиот пар, но и зошто фановите на актерот ја мразат Кајли?

Иако тие немаат откриено, според некои извори, Кајли и Тимоти покажале интерес еден за друг во јануари 2023-та, кога и двајцата биле поканети на ревија за време на Модната недела во Париз.

Имале многу заеднички пријатели, а откриле и дека имаат сличен вкус за музика, па брзо се зближиле.

Тој период Кајли само што стави крај на врската со Тревис Скот со кого има две деца, додека Тимоти подолг период беше сингл.

Почнале да излегуваат, но не планирале ништо сериозно.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-08.JPG

Медиумите почнаа да шпекулира за нивната врска во април 2023-та, но тие сепак пробуваа да се скријат од јавноста.

Но, фановите на актерот уште тогаш почнаа да ја критикуваат врската најмногу бидејќи двајцата делуваат како потполно различни личности.

А, и имале навистина различни животи – додека Кајли порасна во раскош и пред очите на јавноста, Тимоти самиот морал да се бори за својот успех.

Уште пред да наполни 20 години, Кајли заработи скоро милијарда долари, секако со претходна помош од нејзиното моќно семејство.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-07.JPG

Притоа, како и нејзините сестри, користи филери и различни козметички процедури – уште едно нешто што не им се допаѓа на фановите на Тимоти.

Од друга страна, Тимоти пораснал во релативно скромни услови, барем во споредба со Кајли.

Неговите родители биле дел од забавната индустрија и иако имале солиден приход, биле далеку од богати.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-09.JPG

Тимоти почна да го привлекува вниманието на јавноста откако се појави во Interstellar, а стекна светска слава во 2017-та со улогата во Call Me By Your Name.

И, денес, на 27-годишна возраст, важи за еден од најдобрите актери, а му предвидуваат и Оскар на годинешното доделување.

Сепак, неговата популарност не се ни споредува со онаа на Кајли.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...

Најчитани неделава