Каква е природната коса на Кајли која ја крие зад многуте перики?
- Детали
- петок, 28 април 2017
Кендал и Кајли Џенер на прв поглед се многу различни, но неодамна самите открија дека имаат едно нешто заедничко - нивната коса.
Кајли знаеме дека е по експериментирањето со боите на коса и фризурите, но ретко кој знае дека тие експерименти не се вистински, туку станува збор за перики. Многу перики.
Додека Кајли експериментира, Кендал се држи до поприродниот изглед кој варира од светли до темно кафеави тонови, но должината е секогаш иста - до раменици.
19-годишната Кајли за интервју откри дека зад сите тие перики, нивните коси се потполно исти.
„Немав срце да ја фарбам. Вака е полесно“ - вели таа за нејзините перики.
А, Кендал пак тврди дека зад сите тие перики имаат иста коса: „Имаме иста должина и иста боја на косата. Нашите коси како да се на близначки. Баш би сакала еден ден да успеам да ја фотографирам со нејзината природна коса.“
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





