Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што јаде Пипа Мидлтон за да ја одржи линијата?

Пипа Мидлтон е во своевидна сенка на својата сестра Кејт, но сепак во ниту една ситуација не поминува незабележана.

sto-jade-pipa-midlton-za-da-ja-odrzi-linijata-001.jpg

Нејзината витка линија е нешто кое доаѓа до израз во секоја пригода а за тоа како таа се грижи себе, Пипа изјавува:

„Се обидувам да јадам интегрална храна со заситени јаглехидрати, и практикувам три оброци на ден. Исто така ги балансирам моите оброци во однос на нивото на тренингот кој го практикувам. Користам многу ориз, леќа и сладок компир, а за појадок тост од `ржан леб“.

Триесет и две годишната Пипа неодамна успешно ја заврши ски крос кантри трката, долга 33 километри, а претходно учествуваше и на пливачки маратон. Својата исхрана постојано ја прилагодува на овие предизвици.

„Јас не сум загрижена за мојата линија, и уживам во храната, но една недела пред некој настан практикувам здрава храна за зачувување на енергијата“.

„Пораснав со верување дека доброто здравје се одржува со умереност во сите нешта. Потребно е да се направи баланс помеѓу исхраната и вежбањето, но понекогаш и чоколадото и чипсот во мали количини не би требало да имаат негативен ефект.

Знам дека вежбањето 3-5 пати неделно, од 30 минутни сесии, или еден час пешачење ќе ми ја зголеми енергијата и расположението и ќе ми помогне да спијам подобро“.

За разлика од многу други познати личности Пипа не практикува ригорозни диети.

„Никогаш не практикувам строги диети кои ја ограничуваат храната седум дена во неделата, но верувам во правење на здрави избори“.

sto-jade-pipa-midlton-za-da-ja-odrzi-linijata-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Албанска невеста е копија на Ким Кардашијан на својата свадба, на која „врнат“ пари (фото+видео) Видеото на кое Албанката Мелина игра оро со саканиот Валентино на нивната свадба...
Мрачната приказна за првата сопруга на Том Хенкс - била проблематична, ги малтретирала децата Том Хенкс веќе речиси 4 децении е во среќен брак со Рита Вилсон, но пред тоа акт...
Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна ... Откако беше прогласен за невин за вооружен напад од 2021-ва, Ејсап Роки истрча к...
Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео) Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го пре...
Ева Лонгорија ја откри тајната на Викторија Бекам за блескав тен: „Секое утро има ист појадок со год... Би можеле ли 25 години да јадете исто за појадок и за ручек? Очигледно Викторија...
Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како) Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци со броење калории. Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg