Мрачната приказна за првата сопруга на Том Хенкс - била проблематична, ги малтретирала децата

Том Хенкс веќе речиси 4 децении е во среќен брак со Рита Вилсон, но пред тоа актерот имал уште еден брак од кој има две деца. Неговата прва сопруга наводно имала недијагностицирано биполарно растројство и трауми од детството, па ги малтретирала нивните деца. Нивната ќерка со искрена и потресна исповед...

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-01.jpg

Кога Том Хенкс (68) ја запознал својата сегашна сопруга Рита Вилсон во осумдесеттите, тој уште бил во брак со актерката Сузан Дилингем (која потоа го користела уметничкото име Саманта Луис).

Том од бракот со неа добил две деца. Парот се венчал во 1979 година.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-07.jpg

Сега, нови детали за лошиот брак и тие турбулентни години на Том Хенкс, беа откриени од нивната ќерка, Елизабет Ен Хенкс, во нејзините мемоари, во кои 42-годишната писателка отворено зборува за животот со нејзината насилна мајка.

Во книгата „The 10: A Memoir of Family And The Open Road“ Елизабет Ен Хенкс опишува дека нејзиниот живот од петтата до четиринаесеттата година бил „исполнет со конфузија, насилство, лишувања и љубов“, додека била изложена на сè почести занемарувања и злоупотреби од страна на мајка ѝ.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-03.jpg

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-04.jpg

Елизабет Ен Хенкс верува дека, иако никогаш не ѝ било дијагностицирано, нејзината мајка Саманта страдала од биполарно нарушување, со епизоди на „екстремна параноја и заблуди“.

Проблематичната актерка, односно првата сопруга на Том, почина од рак на коските на 49-годишна возраст, а по нејзината смрт, Елизабет Ен Хенкс тргнала на шестмесечно патување низ САД за да состави портрет на жената која ѝ била мајка.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-08.jpg

Клучен за мистеријата околу однесувањето на мајка ѝ бил еден запис во дневникот на нејзината мајка, во кој тврдела дека нејзиниот покоен татко, Џон Рејмонд Дилингем, дедото на Елизабет Ен Хенкс, „силувал, убил и канибализирал едно мало девојче“.

„И тогаш го прочитав нејзиниот опис за нејзиниот татко кој го извршил ова ужасно злосторство.

Злосторството што таа го опишува како сведок како нејзиниот татко силува, убива и канибализира мало девојче.

Ако барем дел од она што мајка ми Саманта го опишуваше беше вистина, таа „никогаш немала шанса“ да се избори со траумата и психичката болка што ја трпеше кон крајот на животот“, вели Елизабет Ен Хенкс.

Том Хенкс ја запознал својата прва сопруга, која била четири години постара од него, додека и двајцата студирале во Калифорнија.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-02.jpg

Кога Том и Саманта влегле во бурна романса, тоа довело до раѓањето на нивното прво дете, синот Колин во 1977 година, пред да стапат во брак.

Том, тогаш 22-годишен, се обидувал да ја започне својата актерска кариера кога тој, Саманта и Колин се преселиле во стан полн со бубачки во Менхетн во 1978 година.

Саманта и Том конечно се венчале следната година, а Елизабет се родила во 1982 година.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-05.jpg

До тогаш, нивниот брак веќе почнал да се распаѓа бидејќи кариерата на Том земала замав, а тој сè почесто добивал актерски ангажмани кои го оддалечувале од сопругата и децата на сè подолги периоди.

Том сè уште бил во брак со Саманта кога Рита, неговата сегашна сопруга, се појавила како гостинка во една епизода од неговата комична серија на ABC, Bosom Buddies, во 1981 година.

Кога повторно се сретнале за време на снимањето на филмот Volunteers во 1985 година, ниту Том, ниту Рита не можеле да ги негираат чувствата еден кон друг.

mrachnata-prikazna-za-prvata-sopruga-na-tom-henks-bila-problematichna-gi-maltretirala-decata-10.jpg

„Рита и јас само се погледнавме и тоа беше тоа...

Ја прашав Рита дали за неа ова е вистинското и едноставно не можеше да се негира“, изјави Том во една пригода.

Том легално се раздели од својата прва сопруга во 1985 година, пред нивниот седумгодишен брак официјално да заврши со развод две години подоцна.

Том претрпел удар кога неговата поранешна сопруга добила примарно старателство над децата, кои можеле да поминуваат време со него само за време на определени викенди и летни одмори.

По официјализирањето на разводот, Саманта ги спакувала куферите и од Лос Анџелес се преселила во Сакраменто со децата - нешто што Том не го дознал сè додека не пристигнал да ги земе од училиште.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава