Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 љубовни афери во кои бил вмешан Џон Кенеди

Многу историчари се бавеле со анализирање на сексуалните дистракции на американските претседатели, од тие на Бил Клинтон па до Џон Кенеди, чија поврзаност со секс иконите како Мерилин Монро се сè уште легендарни и ден денес

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-1

Џон Кенеди е единствениот претседател кој бил поврзуван со многу афери во текот на неговиот брак со Џеки Кенеди.

Во годините после неговата трагична смрт, многу шпекулации за негови афери излегоа на површина.

Еве ги жените со кои Џон Кенеди бил најмногу поврзуван:

1. Мерилин Монро

Од сите жени со кои бил поврзуван Џон Кенеди, Мерилин Монро е на прво место.

Можеби токму поради нејзината сензуална изведба за роденденот на претседателот.

Тие двајцата наводно се сретнале на вечера која била во чест на Џон Кенеди на почетокот од 1962 година, а потоа тој ја поканил на викенд во неговата куќа во Палм Спрингс.

Се шпекулира дека менталното здравје на старлетата била причината за прекинувањето на аферата.

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-2

2. Мими Алфорд

Мими Алфорд била практикантка во Белата Куќа и таа нејзината наводна афера со Џон Кенеди ја опишала во својот мемоар „Мојата афера со Џон Кенеди и последиците од неа“.

Во книгата опишува дека тогаш имала само 19 години и дека Џон Кенеди ја почнал аферата со тоа што ја однел на тура низ Белата Куќа и пробал да ја заведе првпат во собата која иронично ја викале „собата на Џеки Кенеди“.

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-3

3. Марлин Дитрих

Аферата со Марлин Дитрих сама по себе е посебно скандалозна поради тоа што германската актерка исто така била поврзувана и со таткото на Џон Кенеди.

Наводно германската актерка прифатила понуда од претседателот да оди на пијачка во Белата Куќа.

Претседателот ѝ кажал дека немаат многу време и дека треба брзо да направат нешто поради тоа што таа подоцна имала настап во театар. Веднаш потоа тој заспал па таа морала да го разбуди за да ја испрати од Белата Куќа.

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-4

4. Памела Турнур

Иронично Памела Турнур изгледа неверојатно слично на Џеки Кенеди. Џон Кенеди ја убедил својата сопруга да ја вработи Памела како личен асистент.

Аферата била опишана во книга на Лери Сабато. Се шпекулира дека Кенеди имал афера со Памела цели две години додека таа била на многу млада возраст од 21 година.

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-5

5. Гунила фон Пост

Гунила е уште една девојка која напишала мемоар за нејзината афера со Џон Кенеди. Таа тврди дека имала 6-годишна афера со претседателот која започнала во 1953 година.

Во нејзиниот мемоар тврди дека Кенеди сакал да ја остави Џеки за неа и го молел на татко му да му дозволи меѓутоа татко му рекол дека не смее да има скандали што можат да наштетат на неговата политичка кариера.

5-ljubovni-aferi-vo-koi-bil-vmesan-dzon-kenedi-6

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg