Познати личности кои се борат со болести

Иако Холивуд се поврзува само со гламур и лукзусен живот, а славните личности се претставени како идеални и совршени, дел од нив секојдневно водат борба со болести.  Сите сме луѓе и сите сме подложни на опасности по здравјето.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 01

Некои актери и музичари не сакаат јавно да зборуваат на оваа тема, но некои отворено споделуваат што им се случува со цел да им помогнат на луѓето кои се соочуваат со исти или слични здравствени проблеми.

Јоланда, Бела и Анвар Хадид

По неколку неуспешни дијагнози за болест чии симптоми се хроничен умор, вртоглавици и болка во телото, Јоланда Хадид конечно откри дека има „Лајмска болест“. Хадид постојано зборува јавно и има цел да ја подигне свеста за оваа болест, а неодамна откри дека и нејзините две деца, Бела и Анвар страдаат од истата болест.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 02

Ник Кенон

Поранешниот сопруг на Мараја Кери страда од болеста лупус. Лупус е автоимуна болест кога имунолошките клетки ги напаѓаат здравите клетки во организмот. По дијагнозата, актерот комплетно го сменил начинот на живот, а прима и редовна терапија. Кенон постојано истакнува дека здравјето треба секогаш да биде приоритет број 1 кај сите.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 03 copy

Лил Вејн

Битката со епилепсија на Лил Вејн започна во 2013-тата година, кога раперот беше хоспитализиран поради напад. Сепак, Лил Вејн не сака често да зборува на оваа тема и многумина сметаат дека не е доволно свесен и одговорен за болеста. Минатата година, раперот претрпе уште неколку напади и започна со редовна терапија.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 04 copy

Селена Гомез

Селена Гомез криеше дека има лупус две години пред јавно да зборува за оваа тема. Таа изјави дека се лечела со хемотерапија и дека тоа ѝ помогнало на почетокот. Селена отворено зборува за болеста и се труди да ја подигне свеста, особено кај младите.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 05 copy

Сара Хајленд

Ѕвездата од „Модерно семејство“ вели дека отсекогаш имала многу здравствени проблеми, а пред неколку години ѝ дијагностицирале дисплазија на бубрегот. Во 2012-тата година, состојбата толку ѝ се влошила, што морала да направи трансплантација. Нејзиниот татко ѝ донирал бубрег и оттогаш, Сара е вклучена во многу активности поврзани со болести на бубрезите.

poznati lichnosti koi se soochuvaat so bolesti 06 copy

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...
Метју Меконахи го прегрнува Новак Ѓоковиќ, Кајли Џенер страсно го бакнува новиот дечко - Познати лич... Кајли Џенер и Тимоти Шаламе не ги одлепуваа рацете еден од друг, Метју Меконахи ...
Познати личности кои ќе го прослават 60-тиот роденден во 2024-та Македонската пејачка Сузана Спасовска годинава ќе го прослави 60-тиот роденден, ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg