Морничави и бизарни приказни: Славни личности зборуваат за нивното искуство со духови

Кијану Ривс

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-9.png

Актерот се сеќава дека во детството бил сведок на чудна глетка, која и ден-денес добро ја памети:

„Имав 6 или 7 години. Бевме штотуку стигнати од Австралија, а јас се врткав низ нашиот семеен стан во Њујорк. Одеднаш, погледнав кон вратата и забележав костум кој лебди крај влезот. Само празен костум - без глава или тело. Некое време се нишаше, а потоа, само исчезна. Мал бев, па интересно ми беше. А, кога ѝ ја видов преплашената фаца на дадилката, сфатив дека сѐ било реално.“

Мајли Сајрус

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-10.jpg

Едно време, проблематичната Мајли Сајрус била убедена дека нејзиниот привремен дом во Лондон е проколнат. На таа тема, поп-пејачката ја раскажа својата морничава анегдота:

„Сериозно, беше застрашувачко искуство. Цело време имав кошмари и бизарни случки. Звучи лудо ова што ќе го кажам, но една ноќ, додека мојата помала сестра се тушираше, само го слушнав нејзиниот вресок. Веднаш истрчав до бањата. Одненадеж, водата ѝ се променила од студена во пеколно жешка, а телото ѝ беше навистина црвено. Вентилите беа поместени, а таа не ги ни допрела. Можеби не сум нормална, но можам да се заколнам дека и јас здогледав како едно мало момче седи врз мијалникот. Ме гледаше додека се капев. Се преплашив! Подоцна дознавме дека на тоа исто место живееле стар пекар и неговиот син. Прво починала мајката од болест, а подоцна и таткото. Мислам дека јас го видов синот. Не ве лажам, ниту се шегувам. И на мајка ми, тетка ми и Лиам (Хемсворт) исто така им се случија луди нешта. На крајот, морав да се отселам од таму.“

Селена Гомез

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-11.jpg

Некрунисаната кралица на Инстаграм има огромен број следбеници на социјалните мрежи, но таа самата изгледа претпочита да следи духови:

„Верувам во нивното постоење, па си имам и апликација за следење духови. Мислам дека технологијата е корисна за детектирање на духови, па зошто да не, нели? Впрочем, апликацијата веќе ми откри присуство на личности од другиот свет околу мене. Луѓе од моето минато, со точно име.“

Сузан Бојл

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-12.jpg

Талентираната скромна жена, која се прослави со учеството во шоуто „Britain's Got Talent“ во 2009 година, верува дека духот на нејзината почината мајка е сѐ уште присутен во домот:

„Нејзината енергија и понатаму е овде. Еднаш и ја видов во куќата. Мислам дека сакаше да ме извести дека сѐ е во ред. Мирисаше прекрасно. Ми се чини дека го почувствував нејзиниот парфем, ама не сум сигурна.“

Клаудија Шифер

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-13.jpg

При претставувањето на својата куќа во Англија, супермоделот откри дека нејзиното семејство е под ист покрив со жители од задгробниот свет:

 „Повикавме видовита личност, а таа ни кажа дека сите духови во куќата се фини. Никој не треба да се плаши. Па, сите духови се добредојдени кај нас. Самиот процес на ловење на духови е морничав, но воопшто не е опасен. Слушаме звуци на крцкање, или, пак, понекогаш се случуваат чудни работи, како музика која ненадејно почнува да свири.“

Деми Ловато

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-14.jpg

Пред неколку години, Деми напиша драматична објава, со која сподели дека речиси цело детство го поминала комуницирајќи со дух од минатото:

„Не станува збор за лош дух, туку за мало девојче. Мислам дека се викала Емили, бидејќи куќата во Тексас ја посетија неколку професионални повикувачи и ловци на духови, а сите ми го кажаа истото име. Многупати ја гледав во детството, со нејзе израснав. Верувам дека секој човек може да го адаптира тој дел од својот ум. Лично за себе, сметам дека имам навистина црвста врска со животот после смртта. Кога ќе зачекорам во некоја соба, веднаш можам да погодам дали нешто се има случено во таа просторија, или, пак, дали хотелот каде престојувам е запоседнат од духови.“

Ема Стоун

mornichavi-i-bizarni-prikazni-slavni-slicnosti-zboruvaat-za-nivnoto-iskustvo-so-duhovi-15.jpg

Иако никогаш не го запознала својот покоен дедо, глумицата сподели дека има трајна комуникација со него, меѓутоа на мошне невообичаен начин:

„Нашето семејство има долга историја со монети. Дедо ми ни остава парички. Тој е. Апсолутно е тој. Едноставно знам дека тој е причината за фантомските пари. Не е логично, ама е магично.“

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg