Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


IT бизнисмени кои не им дозволуваат на децата да бидат зависни од модерната технологија

Овие луѓе знааат сѐ за IT индустријата и се делумно виновници за популарноста на технологијата во денешно време.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-01.jpg

Сепак, тие на нивните деца не им дозволуваат да бидат зависни од модерни уреди и да ги користат постојано, во секое време и на секое место.

Дознајте кои се тие бизнисмени и која е причината за ова:

Бил Гејтс – еден од основачите на Microsoft

Бил има 3 деца и на сите им било забрането да користат смарфони и таблети додека не наполнат 14 години. Наводно, неговите деца се жалеле што не можат да го имаат она што и нивните врсници, но родителите биле непопустливи на оваа тема.

Откако неговите деца добиле дозвола за уредите, имало посебни правила:

  • Може да се користат само за учење и комуникација
  • Забранети се за време на оброци
  • Родителите имаат право да го лимитираат времето на користење

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-02.jpg

Крис Андерсон – креатор на дронови и коосновач на 3D Robotics

Децата на Крис ги почитуваат строгите правилата за минимално користење на смартфони и таблети. Според него, децата се жалеле на строгите рестрикции, но тој само се обидува да спречи зависност од модерна технологија која може да направи промени во нивниот живот.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-03.jpg

Дик Костоло – поранешен генерален директор на Twitter

Тој не им го лимитирал времето кое децата ќе го поминуваат на модерните уреди, но направил правила за места каде може да се користат.

На пример, тие можат да ги користат уредите само во дневната соба, а тоа значи дека не смеат да го носат во соба и да „висат“ на нив пред спиење или пак за време на ручек.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-04.jpg

Иван Вилијамс – CEO на Twitter

Тој и неговата сопруга имаат 2 сина, а ниту еден од нив нема iPad. Наместо тоа, тие дома имаат стотици книги, за кој девелоперот смета дека е доволно литература за секаква информација која може да им затреба и за поминување квалитетно време.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-05.jpg

Стив Џобс – коосновач на Apple

Можеби замислувате дека целото семејство на Џобс е опремено со сите уреди кои ги нуди Apple, но тоа не е вистина.

Додека бил жив, Стив признал дека не им дозволува на неговите деца да користат iPad - тој се обидел да ги научи на комуникација во живо, за семејството заедно да ги поминува деновите и оброците исполнети со долги разговори.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-06.jpg

Кој е заклучокот?

Секој одлучува за себе дали ќе го следи примерот на овие бизнисмени. Резултатот од одлуката може да се покаже само кога децата ќе пораснат и ќе покажат како гледаат на светот и на работите.

Сепак, не можеме да се противиме на фактот дека овие претприемачи се запознаени со дигиталниот свет многу повеќе од нас, па нивната постапка не е без причина.

Размислете добро пред да донесете одлука за вашите деца и користењето на модерна технологија.

it-biznismeni-koi-ne-im-dozvoluvaat-na-decata-da-bidat-zavisni-od-modernata-tehnologija-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан, Кристина Агилера: Со кои процедури славните дами изгледаат како 20-годишни девојки? Според пластичен хирург, младешкиот изглед на Линдзи Лохан делува природно благо...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Пирс Броснан со сопругата на настан, откако таа ослабе 45кg - Но, тој ја обожава во секое издание Ја запозна во 1994 година кога таа беше навистина фит, а кога качи килограми и д...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чек... „На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното...
Ја бакнува, таа се трга: Видео од сетот на филмот на Блејк Лајвли и режисерот што го тужи го подели ... „На видеото се гледа како Балдони постојано се наведнува кон Лајвли, пробува да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg