- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Како се облекуваат ѕвездите кога ги завршуваат секојдневните обврски?
- Детали
- вторник, 24 октомври 2017
Сите им се восхитуваме на нивниот прекрасен изглед кога ќе ги видиме на црвениот тепих, на сцена и на разни фотографии од настани.
Сепак, не е тајна дека за тие да изгледаат совршено, на нив работат цели тимови стилисти кои се грижат за нивната облека, фризура и шминка.
Но, како изгледаат овие прекрасни дами кога стилистите не се грижат за нив и кога излегуваат од дома како „обични луѓе“?
Погледнете го стилот на ѕвездите во секојдневниот живот:
Џенифер Анистон
Секојдневниот изглед на Џенифер Анистон се карактеризира со едноставност и комфор. Таа ги следи трендовите, а практикува спортска и класична облека со додатоци.
Никол Кидман
Никол е една од најелегантните дами од Холивуд, а тоа може да се забележи во секојдневните фотки каде таа е облечена женствено во внимателно одбрани комбинации.
Бритни Спирс
Бритни е една од ѕвездите кои не се грижат многу за нивниот изглед и за тоа што луѓето ќе кажат за нив. Нејзиниот избор често се сведува на кратки шорцеви и маичка и спортски патики или влечки.
Џенифер Лоренс
Нејзиниот секојдневен стил се состои од едноставна и удобна облека, најчесто фармерки и маичка, а најчест „додаток“ ѝ е нејзиното кученце.
Викторија Бекам
Таа е една од оние ѕвезди кои секаде се појавуваат во модерни комбинации со впечатлив изглед и ретко може да се забележи во удобна секојдневна облека.
Џенифер Лопез
На црвениот тепих и на другите настани, научени сме да ја гледаме Џеј Ло во прекрасни секси аутфити кои ја истакнуваат нејзината фигура. А, во секојдневието, таа не се менува и се придржува до секси изгледот, модерните фустани и високите потпетици, секако со исклучоци.
Џулија Робертс
Актерката неколкупати има изјавено дека во секојдневниот живот се облекува како едноставна, обична личност, а како додаток, секогаш на себе ја има големата насмевка со која зрачи.
Уште 5 ѕвезди на следната страна...
Би можело да ве интересира:





