Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непрепознатливо
- Детали
- петок, 02 мај 2025
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Парис и Принц. Но, Деби има изјавено дека зачнала со ин витро и никогаш немала односи со пејачот, по што се јавија шпекулации дека таа воопшто не е нивна биолошка мајка, но и дека можеби пејачот не е нивен татко.
Втората сопруга на Мајкл Џексон, која се држи настрана од јавност, минатиот месец беше забележана во Калифорнија.
Мајкл и Деби добија две деца – ќерката Парис и синот Принц, пред да се разведат во 2000 година. По разводот, Деби се повлече од јавниот живот, а пред неколку години имаше и рак на дојка.
Од последното појавување во јавност, 66-годишната Деби е значително променета.
Деби ја откри својата дијагноза во 2016-та, а следната година, ќерка ѝ Парис сподели дека го примила последниот третман со хемотерапија и дека е излечена.
Инаку, Деби и Мајк Џексон се запознале кога таа работела како асистент во дерматолошката ординација што ја посетувал пејачот.
Таму се зближиле и пејачот ѝ кажал дека по разводот со првата сопруга Лиса Мари Присли, стравувал дека нема да има свои деца.
Па, Деби се согласила таа да му роди.
Тие се венчаа во 1996 година со интимна церемонија, но Деби има изјавено дека немале „традиционална врска“.
Односно, иако тие се биолошките родител на Принц и Парис, таа зачнала со асистирано оплодување и со пејачот немале односи.
Деби и Мајкл се разведоа во 1999 година, по што таа му го предаде старателството над децата на пејачот.
Тие речиси и да немале контакт со мајка им, но кога наполнила 15 години, Парис се зближила со неа.
Сепак, во интервју од пред три години, Парис изјави дека ја гледа Деби повеќе како пријателка, отколку како мајка. Но, ова не значи дека немале добар однос.
„Интересно е. Конечно ја запознав, видов колку сме слични, дознав каква музика сака… Некогаш ѝ праќам дел од песните на коишто работам“, изјави Парис.
По смртта на Мајкл Џексон во 2009-та, Парис и брат ѝ Принц живееја со баба им, односно мајката на пејачот. Тогаш Парис имаше само 12 години и вели дека не ѝ било јасно што се случува.
„Не знам, само се случи, татко ми почина. Бев многу мала. Не сфаќав што се случува, па правев она што ќе ми кажат. Немав баш личност која ќе ме води“.
Во 2022 година, Деби даде ретко интервју во кое зборуваше за поранешниот сопруг.
Деби му беше асистентка и медицинска сестра на лекарот кој му ги препишуваше лековите против болка на пејачот, од кои стана и зависен.
Деби низ солзи изјави дека требало да направи нешто кога забележала дека зависноста на пејачот се влошува.
„Требаше да направам нешто, но не направив. Се чувствувам дека сум исто лоша колку докторот и жалам што имав улога во сето тоа“.
Поради невообичаената врска на Мајкл и Деби, заедно со фактот што таа се откажа од старателството, низ годините се имаат појавено шпекулации дека таа не е биолошка мајка на Парис и Принц.
Односно, некои сметаат дека таа му била само сурогат мајка на пејачот, а се венчале за да го затскријат сето тоа.
Некои шпекулираат дека можеби ни Мајкл не е биолошкиот татко на децата и можеби Деби зачнала со донирана сперма.
Сепак, засега нема конкретни докази за овие тврдења.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





