Харизматични, секси и фатални: Скорпии кои ги освојуваат женските срца
- Детали
- сабота, 11 ноември 2017
Привлекуваат внимание со маркантниот изглед, таинствената природа, но и опасноста со која зрачи нивната мистериозна појава. Едноставно, тие се неодоливи, па на припадничките на понежниот пол им е тешко да се спротивстават на копнежот по нив.
Доколку сакате да доживеете љубов што ќе ја паметите за навек, сеедно дали врската ќе ви потрае или не, тогаш одберете партнер роден во знакот на Скорпија.
Мажите „скорпиони“ се надалеку познати по својата фаталност, харизма и сексапил. Ним е тешко да им кажете „не“.
А, во нив е невозможно да се заљубите на ниту еден друг начин, освен – лудо! Откако ќе ѝ ги заробат мислите и чувствата, во животот на жената веќе ништо нема да биде исто.
Колку се тие заводливи и успешни, доказ се и познатите мажи родени во овој фатален хороскопски знак, кои умешно се носат со славата. Дел од нив редовно се наоѓаат и на врвот од листите за најсекси фраери во светот.
Скорпиите кои го освоија светот на филмот и музиката, но и многубројни женски срца, ви ги откриваме во продолжение:
1. Рајан Гослинг
2. Леонардо ди Каприо
3. Џерард Батлер
4. Крис Нот
5. Метју Меконахи
6. Џош Духамел
7. Хоакин Феникс
8. Рајан Рејнолдс
9. Maрк Рафало
10. Итан Хок
11. Кит Урбан
12. Пен Беџли
13. Дрејк
14. Ерик Дејн
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





