Од вамп изглед до софистицирана елеганција: Анџелина Џоли сè уште е преслаба
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2017
Анџелина Џоли (42) викендов имаше навистина преполн распоред.
Во саботата Џоли присуствуваше на седмиот годишен настан The Contenders. Оскаровката се појави во плетен мини фустан и кожени чизми. Косата ја прибра во ниско опавче и стави авијатичарски очила за сонце.
Како и секогаш, таа одвои време за дружба со своите фанови и неколку автограми и селфи фотки со нив во Лос Анџелес.
Во неделата пак, холивудската убавица блесна на црвениот тепих на манифестацијата Hollywood Film Awards. Актерката и режисер се појави во свилена светло сива тоалета на врзување.
Изгледот го надополни со накит со дијаманти. Таа беше почесен гостин за нејзината работа на филмот „First They Killed My Father“.
Погледнете за каков стајлинг се одлучи Анџелина викендов:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





