Блејк Лајвли со непрепознатлив изглед, далеку од гламурозен
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2017
Сите сме научени Блејк Лајвли да ја гледаме во гламурозно издание на црвениот тепих или пак средена и дотерана на прошетка со сопругот или децата.
Но, на снимањето на новиот филм „The Rhytm Section“, 30-годишната актерка изгледаше далеку од гламурозно.
Во филмот таа има улога на жена која бара одмазда против оние кои го организирале рушењето на авионот во кој било нејзиното семејство.
Блејк на снимањето во Даблин беше забележана во широка неуредна облека, со капче на главата и несредено лице и фризура.
Очигледно, таа добро се внела во нејзината нова улога, која едвај чекаме да ја видиме кога ќе излезе филмот.
Блејк Лајвли - непрепознатлива на првото снимање на филмот:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





