10 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно и по раскинувањето
- Детали
- недела, 12 ноември 2017
Кога се работи за љубовта, ѕвездите исто како и обичните луѓе, ги имаат истите проблеми – се вљубуваат и раскинуваат.
Но, има ли нешто полошо откако сте рекле готово е, да треба да продолжите да ја гледате истата личност секој ден, бидејќи работата го бара тоа од вас?
Овие ѕвезди го искусиле искуството од прва рака:
Џенифер Карпентер и Мајк С. Хол
Иако во популарната серија „Dexter“ двајцата актери глумеа брат и сестра, тоа не ги спречи да започнат љубовна врска за време на снимањето. Во декември 2008 година, парот тајно се венчал откако се состанувале една година, но бракот за жал не успеа.
Сепак, двајцата останале вистински професионалци, и покрај тоа што сценаристите ги поврзаа заедно во љубовен контекст подоцна во серијата.
Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт
Ја започнаа својата врска додека ја снимаа популарната „Twilight Saga“, но во јули 2012 година, Кристен беше фотографирана како го бакнува режисерот Руперт Сандерс на филмот кој го снимаше тогаш, „Snow White and the Huntsman“.
Иако последниот филм од сагата веќе беше завршен со снимањето, двојката чија врска беше на стаклени нозе мораше да се појави на сите промоции, вклучувајќи го и црвениот тепих за неколкуте премиери низ светот, што мора да било прилично непријатно искуство.
Блејк Лајвли и Пен Баџли
Згодната русокоса ја започна врската со Пен за време на снимањето на популарната ТВ серија „Gossip Girl“. На почетокот тие ја негираа врската, сè додеа папараците не ги уловија во Мексико на почетокот на 2008 година.
Во септември, двојката објави дека се разделува. Сепак, тие го завршија снимањето на серијата, и според изворите останале и двајцата доследни на задачата и прилично професионални. Да е иронијата уште поголема, серијата заврши со нивната венчавка.
Џенифер Лопез и Марк Ентони
Двајцата популарни музичари се венчаа во 2004 година, иако немаше поминато ниту 7 дена откако Марк се разведе од неговата прва жена и само неколку месеци откако Џенифер ја раскина свршувачката со Бен Афлек.
Парот започна да работи на многу заеднички проекти, меѓу кои и реалното ТВ шоу со натпреварувачки карактер, „Q’Viva! The Chosen“.
По 7 години откако Џенифер и Марк официјално се разделија во јули 2011 година, мораа да продолжат да работат на ТВ проектот, а во еден момент тензијата станала толку голема, што Џенифер му удрила шлаканица на поранешниот сопруг.
Кaјли Куоко и Џони Галеки
Парот кој го препознаваме од познатата серија „The Big Bang Theory“, ја започна својата врска за време на снимањето, која на почетокот на држеле во најстрога тајност, бидејќи ја признаа дури по 2 години. Сепак, Кaјли признала дека постојано била тажна бидејќи морале да ја кријат врската од јавноста.
Веројатно тоа доведе и до нејзиниот распад. Сепак, снимањето на популарната серија сè уште трае, а Лени и Ленард се сè уште заедно, барем на ТВ екраните.
Уште 5 парови на следната страна...
Би можело да ве интересира:





