Кои ѕвезди присуствуваа на свадбата на Серена Вилијамс и Алексис Оханиан?
- Детали
- петок, 17 ноември 2017
36-годишната Серена Вилијамс и коосновачот на Reddit го кажаа судбоносното „да“ во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс.
На листата на гости се најдоа голем број на познати ѕвезди како Бијонсе, мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, Ким Кардашијан, Кели Роуланд, Ана Винтур, Ева Лонгорија со сопругот, тениската ѕвезда Каролина Возњацки и уште многу други.
Според гласините, темата на свадбата била „Убавицата и Ѕверот“ и додека гостите пристигнувале, свирела песната „Be Our Guest“.
Фотките од младоженците и церемонијата сè уште се држат во тајност, но се надеваме дека наскоро ќе можеме да ѕирнеме во нивната гламурозна свадба.
Изворите велат дека оваа свадба чинела повеќе од 1 милион долари: „Серена и Алексис не штедеа воопшто за нивната свадба од соништата.“
На гостите им била дадена точната локација утрото на истиот ден кога се одржала, а телефоните биле веројатно строго забранети на церемонијата.
Додека да се појават фотките од свадбата на Серена Вилијамс и Алексис Оханиан, погледнете дел од гостите кои пристигаа на настанот:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





