Алесандра Амбросио потврди дека за последен пат прошета на пистата за Victoria’s Secret
- Детали
- вторник, 21 ноември 2017
По гласините кои викендов се ширеа, Алесандра Амбросио за Entertainment Tonight, потврди дека шоуто во Шангај оваа година е нејзиното последно за Victoria’s Secret.
Иако 36-годишниот ангел е дел од Victoria’s Secret последниве 17 години, таа сепак има и други пасии кои сака да ги следи.
Бразилската убавица сака да посвети повеќе време на нејзината линија за костими за капење „Ale by Alessandra“, а исто така сака да се фокусира на актерската кариера.
Таа досега се има појавено во неколку филмови и серии, но изгледа сака да се сврти посериозно кон оваа професија.
Амросио првпат прошета на пистата за Victoria’s Secret во 2000-та година и 2 пати го носеше градникот од фантазиите.
Таа стана познато лице на брендот со текот на годините и ова шоу нема да биде исто без неа.
Потсетете се на еволуција на Алесандра Амбросио на модната писта:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





