Еуфорија во домот на малата Дона: Јана Бурческа објави фотка од новогодишната елка
- Детали
- четврток, 30 ноември 2017
Празничната еуфорија полека, но сигурно пристигнува во Скопје. Некои локали и улици веќе го носат мирисот на новата 2018.
Јана Бурческа во месец октомври за прв пат стана мајка со својот партнер Александар.
Јана на полуфиналната вечер на Евровизија откри дека е бремена и пред очите на милиони евровизиски фанови нејзиниот сакан ја запроси.
Младата мајка периодов е посветена на грижата за ќеркичката Дона, па не е ниту чудно што таа прва од македонското естрадно небо ја внесе празничната магија во својот дом.
Пејачката ја накити елката и прикачи фотографија од неа на Инстаграм стори.
Додека сме во исчекување и другите македонски ѕвезди да го накитат домот, да се потсетиме како изгледаа нивните елки изминатата година.
Од Каролина Гочева до Тамара Тодевска, еве каква магична атмосфера имаа македонските познати личности во домот при дочекот на 2017:
Весна Петрушевска
Боки 13
Тамара Тодевска
Тијана Дапчевиќ
Каролина Гочева
Симона Поповска
Тони Михајловски
Лила Стојановска
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





