Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка

Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е во среќен брак со Никола Пелц, не ја оправдувал врската на Ромео бидејќи се плашел дека Ким само сака да го искористи. И, поради ова браќата моментално не зборуваaт и затоа Бруклин не се појавува на семејни настани.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-01.jpg

Дејвид Бекам веќе почна со прославите по повод 50-тиот роденден, иако роденденот му е дури на 1-ви мај.

Сепак, на гламурозната забава што ја приредија со Викторија, не присуствуваа нивниот најстар син Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-3.JPG

Сега, извори блиски до семејството, откриваат дека Бруклин го заладил односот со брат му Ромео, и тоа поради девојка.

Откако ја прекина 5-годишната врска со Миа Реган, Ромео Бекам имаше кратка романса со моделот Греј Соренти.

Но, веќе неколку месеци е во врска со друга девојка – диџејката Ким Турнбул – и токму оваа врска била причина за конфликтот со брат му.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-12.JPG

Претходно, околу 2017 година, Ким му била девојка на Бруклин.

Покрај можната љубомора, Бруклин бил загрижен што Ким сега го освоила неговиот помлад брат и се сомневал дека можеби сака да го искористи.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-03.JPGСтара папарaцо фотка од Бруклин и Ким

Ромео присуствуваше на прославата на Бекамови со девојка му Ким, па затоа Бруклин и сопругата одлучиле да не се појават.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-0.JPG

Среде целата драма, Ромео сподели семејна фотка од прославата, без Бруклин и Никола, со опис „Семејството е сè, ве сакам“.

Но, избегнал да го означи брат му или да го спомне на каков било начин.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-09.JPG

Бруклин и Никола не присуствуваа ни на модната ревија на Викторија Бекам минатиот месец, исто така поради новата девојка на Ромео.

Изворите велат дека одлучиле да не одат на ниту еден семеен собир каде што ќе биде присутна Ким.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-07.JPG

Ромео и Ким првпат беа забележани заедно во ноември минатата година, а односот со Бруклин го заладиле околу декември.

И, оттогаш ситуацијата само се влошувала.

semejna-drama-kaj-bekamovi-bruklin-ne-zboruva-so-romeo-bidejkji-e-vo-vrska-so-negova-bivsha-devojka-04.JPG

Сепак, Дејвид и Викторија ја заземале страната на Ромео бидејќи биле сигурни дека Ким е добра девојка.

Инаку, моментално Бруклин и Никола живеат во Лос Анџелес, додека Ромео уште живее со мајка му и татко му во Лондон.

Ким исто така живее во Лондон, а потекнува од релативно богато семејство. Татко ѝ е диџеј и основач на продукциска куќа, додека дедо ѝ е познат британски сликар и скулптор.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната дра... По седум месеци, Ромео Бекам стави крај на врската со Ким, која му е бивша девој...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg