Принцот има само една желба: Што посака малечкиот Џорџ од Дедо Мраз?
- Детали
- понеделник, 04 декември 2017
Неговото височество е вистински шармер од мали нозе, а со скромната божиќна желба, но и признанието дека годинава не бил лошо дете, дополнително ќе ги стопи вашите срца.
Ќе дојде денот кога малиот принц Џорџ ќе стане крал на Англија.
Но, засега тој е само преслатко четиригодишно дете, кое како и сите други дечиња верува во Дедо Мраз, па му ги пишува своите желби.
Сепак, неговиот список за подароци не е воопшто долг. Напротив. Тој запиша само едно нешто.
Малечкиот Џорџ посака полициски автомобил на дар.
За чудесниот дедо да му ја исполни желбата, потврди и дека бил добро, а не лошо дете во текот на годината.
Принцот Вилијам, пак, веќе му го предаде рачно напишаното писмо на Дедо Мраз, додека беше во посета на Финска изминатата недела.
Притоа, напомена дека ваквото скромно барање на неговиот син, веројатно е сосема во ред.
Малиот иден монарх го пофалија и самите родители, нагласувајќи дека тој бил навистина добро дете, а му помогнале и при пишувањето на писмото.
Оттука, нема никаков сомнеж дека Дедо Мраз без проблем ќе му ја испорача толку посакуваната количка.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





