Меган Маркл протестирала против сексистичка реклама кога имала само 11 години (видео)
- Детали
- понеделник, 04 декември 2017
Со оглед на тоа што Меган Маркл е во центарот на светското внимание по веридбата со принцот Хари, не е ни чудо што секој ден има по некоја нова информација и нов детаљ за нејзиниот живот.
Овојпат, ја откриваме бунтовната страна на 11-годишната Меган која успеала да промени една сексистичка реклама во 1993-та година.
Се работело за реклама за средство за садови која имала слоган „Жените низ Америка се борат со масни тенџериња и тави.“
„Се сеќавам дека две дечиња од моето одделение на таа тема рекоа: да, таму им е местото на жените, во кујната,“ раскажува Меган и признава дека се чувствувала необјасниво шокирана, лута и повредена.
Со охрабрување од родителите, Меган почнала да пишува писма до влијателни жени ширум Америка, вклучувајќи ја и тогашната прва дама на САД, Хилари Клинтон.
Во говорот од 2015-та Меган ја раскажува целата ситуација и како таа на 11 години несвесно се борела за своите права како жена:
Потоа погледнете го видеото од емисијата од ’90-тите која ја обработува случката на Меган:
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





