Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фотошоп гафови на ѕвездите кои ја обележаа 2017 година

Иако зад себе имаат цел тим од професионалци што се грижи за нивниот имиџ и објавите на социјалните мрежи, ним сепак им се поткраднаа катастрофални грешки. И, сите ги забележаа.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-1.jpg

Ситните корекции на фотографиите не се воопшто страшни, а речиси и да не постои човек кој одолеал на искушението да ја „дотера“ својата слика со дополнителни ефекти.

Меѓутоа, кога нам омилените ликови од шоу бизнисот, или, пак, модниот свет ќе се заиграат со Фотошоп, тие неретко немаат мера. Па, будните очи на јавноста веднаш ги воочуваат нивните претерувања.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-2.jpg

Чии грешки не останаа незабележани изминатите месеци? За волја на вистината, дел од славните личности и не се самите виновни за нив. Но, сеедно ја понесоа одговорноста и се соочија со линчот од јавноста.

Претпоставувате ли кои доминираат на листата? Секако – тука се вечно актуелните Кардашијанки, па дури три од нив не се прославија со своите лажни фотки.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-3.png

Фотошоп гафовите на ѕвездите кои ја обележаа 2017 година се следните:

Усните и градите на Емили Ратајковски

Во септември, сексапилната Емили се појави на насловната страница од француското списание „Madame Figaro“, но и самата забележа дека нејзините усни и гради се фотошопирани. На својот профил на Инстаграм, таа ги сподели фотографиите пред и после средувањето, јавно критикувајќи ги челниците на магазинот за таквиот гест. „Се надевам дека модната индустрија конечно ќе престане со обидите да ги поправа нештата кои нѐ прават единствени, а ќе почне да ја слави индивидуалноста.“, напиша манекенката.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-4.jpg

Ноктите на Ријана

Мегапопуларната Рири од Барбадос беше обвинета за фотошопирање на оваа егзотична карневалска фотка, затоа што на сликата јасно се гледаат два сини нокта на палецот од десната рака. Упс!

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-5.jpg

Задникот на Кајли Миног

Со фотографијата на која е во топ форма, атрактивната пејачка го најави својот календар за 2018 година. Меѓутоа, наместо задникот, детаљот кој им привлече најмногу внимание на фановите, ама и хејтерите, всушност е нерамнината на ѕидот во позадина. На разочарување на многумина, облините на Кајли се сепак дигитално уредени.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-6.jpg

Десната рака на Крис Џенер

Мама Крис, позната и како мозокот во кланот Кардашијан-Џенер, често рекламира разноразни производи на Инстаграм. Впрочем, како и сите останати членови на семејството. Но, фотката со која во месец јуни промовираше чај за слабеење, очигледно беше фотошопирана. На прв поглед, повеќето следбеници ѝ завидуваа на нејзините цврсти и убаво обликувани бицепси. Сепак, измамата набрзо ја воочи целата јавност. Ја издаде десната рака. Поточно, дрвената греда зад неа, која изгледа невообичаено искривена.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-7.jpg

Тенот на Ким Кардашијан

Обидот на Ким Кардашијан да се прикаже себеси со лажен „црн“ тен, пак, наиде на бурни реакции во јуни, кога старлетата ги објави промотивните фотографии за кампањата на козметичката линија KKW Beauty. Првин, ѕвездата на реалното шоу се правдаше дека претходно била на сончање, па затоа нејзината кожа е толку темна, како и дека никој од тимот не мислел дека тоа ќе претставува проблем. Меѓутоа, таа подоцна сепак ја призна грешката и ја поправи.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-8.jpg

Стомакот на Клое Кардашијан

Последната членка на семејството Кардашијан што се најде на листата е Клое, која од ноември (не)вешто ја крие од јавноста секоја информација за наводната бременост. Притоа, мислиме и на оваа аматерски обработена фотка, која уште толку ги засили гласините дека таа е трудна. Направени се корекции во пределот на стомакот, а ја разоткри замаглената дланка на нејзиното момче Тристан Томпсон.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-9.jpg

Левата рака на Џиџи Хадид

Дури и на најдобрите им се случуваат грешки, зар не? Во спротивно, како би ја објасниле насловната страница на престижниот моден магазин „Vogue“, каде манекенката Џиџи Хадид има невозможно долга рака?! Повеќето луѓе заклучија дека промената е направена за што помалку да се гледа плус-сајз моделот Ешли Греам на фотографијата, иако таа самата ги демантираше таквите тврдења.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-10.jpg

Фризурата на Соланж Ноулс

Сестрата на славната Бијонсе беше исто така жртва на Фотошоп. Таа ја красеше насловната страница на списанието „London Evening Standard“, од каде ѝ ја изменија косата, бришејќи ѝ го комплетно најинтересниот дел од фризурата. Пејачката веднаш јавно реагираше, споделувајќи ја оригиналната фотографија, пропратена со стиховите од нејзината песнаDon't touch my hair („Не ми ја пипкај косата“).

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-11.jpg

Фигурата на Мараја Кери

Насловната страница на магазинот „PAPER“ со Мараја Кери, предизвика лавина од негативни реакции, дури и помеѓу најголемите обожаватели на пејачката.  Сите се сложни околу фактот дека нејзината фигура е фотошопирана до непрепознатливост, односно поп дивата воопшто не изгледа вака во реалноста.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-12.png

Косата на Селена Гомез

Да, дури и на прекрасната Селена ѝ се потребни трикови за разубавување на фотките, но со малку поинаква цел. Додека мнозинството познати дами ги стеснуваат нозете и струкот, ги пеглаат брчките, или, пак, го зголемуваат задникот, младата пејачка посака да ѝ се додаде уште повеќе волумен на косата. Но, и неа ја издаде нерамниот ѕид во позадина. Сепак, можеби не е самата таа виновна, бидејќи фотографијата на Инстаграм ја објави нејзиниот фризер.

fotoshop-gafovi-na-dzvezdite-koi-ja-obelezhaa-2017-godina-13.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...
По Џорџ Клуни, и Леонардо ди Каприо ја офарба косата: „Сигурно минува низ средовечна криза“ (фото) Додека Џорџ Клуни ја офарбал косата поради улога, јавноста се шегува дека Леонар...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg