Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Опуштени и насмеани: Принцот Хари и Меган Маркл на првото јавно појавување во 2018 (фото)

По прославувањето на Новата година, принцот Хари и неговата вереница, Меган Маркл, го направија првото јавно официјално појавување во 2018.

opushteni-i-nasmeani-princot-hari-i-megan-markl-na-prvoto-javno-pojavuvanje-vo-2018-foto-01.jpg

Во вторникот, тие го посетија радиото Reprezent во Брикстон, Лондон, а беа многу опуштени и пријателски настроени.

Тие се поздравуваа со луѓето кои стоеја надвор, пред да влезат во радио станицата и да се запознаат со членовите на тимот.

Ова е единственото радио во Велика Британија, водено од млади луѓе, а нуди тренинзи за оние кои сакаат да работат во музичката индустрија.

Посетата на принцот Хари и Меган им овозможи да видат како изгледа тоа и како радио станицата ги охрабрува младите таленти, создавајќи социјално влијание врз локалното општество.

За овој настан, Меган беше облечена во црн аутфит, покриен со капут и марама со неутрална боја, а косата ја фатила во „растурена“ пунџа.

Погледнете го новиот кралски пар на официјална должност:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Кога сопругата ти е речиси 40 години помлада од тебе, но ти добро се држиш (фото) Тие стапија во брак во 2023-та година на интимна церемонија во нивната вила на о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg