Шарлот се грижи за Џорџ, а тој не знае дека ќе биде крал: 11 факти за најпопуларните кралски деца


Шарлот се грижи за Џорџ, а тој не знае дека ќе биде крал: 11 факти за најпопуларните кралски деца

Најмалите и најпопуларни членови на британското кралско семејство растат многу брзо и луѓето сѐ повеќе се интересираат за нивниот живот.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-01.jpg

Нивните родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, имаат посебни правила за воспитување и воспоставува со нив силна врска.

Тие се вистински модни детски икони, а речиси целиот свет ги обожава.

Па, доколку сакате да дознаете нешто плус за нив, прочитајте ги следниве факти:

1. Очигледно, Шарлот е главна и иако е помала, таа повеќе се грижи за нејзиното братче Џорџ, според кралицата.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-02.jpg

2. Шарлот била многу лесна за чување и слатка, според нејзиниот татко.

 „Но, сите татковци ми велат да почекам додека наполни 9,10 години и потоа ќе стане лудо. Едвај чекам, ќе има драма.“ – вели принцот Вилијам.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-06.jpg

3. Џорџ обожава бури, а ова го откри неговата мајка.

Добар репортер ја отворил темата со Кејт, велејќи дека се ближи бура, а војвотката одговорила „Да, знам се за нив. Џорџ сака бури исто така.“

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-08.jpg

4. Џорџ не знае дека ќе биде крал.

„Ќе дојде време и место кога ќе му биде кажано и ќе разбере како се вклопува во светот. Многу сме нормални по тоа прашање.“ – изјавил принцот Вилијам.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-03.jpg

5. Целосното име на Шарлот е Шарлот Елизабет Дијана, во чест на кралицата Елизабета и принцезата Дијана.

6. Иако принцот Вилијам зборуваше дека го учел Џорџ да игра фудбал, тој откри и дека малиот принц не сака кога играта ќе стане груба и кога доаѓа до физички контакт со играчите.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-09.jpg

7. Шарлот сака да си игра со плишани играчки кои секој може да си ги дозволи (за разлика од оние на децата на Ким Кардашијан).

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-05.png

8. Според Кејт, Џорџ е причината што нивните деца останале дома кога таа и Вилијам патувале во Индија.

„Бидејќи Џорџ е премногу палав. Тој би трчал насекаде низ местово. Следниот пат, ќе ги донесеме и нив.“ – изјавила таа на патувањето.

9. Џорџ и Шарлот сакаат да ја слушаат приказната The Gruffalo додека патуваат долго со автомобил.

10. Џорџ обожава да готви со неговата мајка.

„Кога го правам ова со Џорџ, чоколадото и сирупот се насекаде низ кујната. Тој прави толку голем неред. Хаос е.“ – открила Кејт кога зборувала со неколку млади пекари.

charlotte-se-grizhi-za-george-a-toj-ne-znae-deka-kje-bide-kral-11-fakti-za-najpopularnite-kralski-deca-07.jpg

11. Тие подготвуваат домашно изработени подароци за кралицата.

„Навистина е тешко да се одбере подарок за кралицата, да бидам искрен. Сега има внуци и тие може сами да направат нешто.“ – изјавил Вилијам.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Принцот Џорџ не смее да има најдобро другарче на училиште? Со самиот факт што е дел од британското кралско семејство, Принцот Џорџ сигурно ...
Зошто Принцот Хари и Меган Маркл се држат за раце во јавност, а Вилија... Неодамна Принцот Хари и неговата девојка Меган Маркл, за првпат се појавија заед...
Има ли скриено значење зад чудниот гест на принцот Хари на фотосесијат... По веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл, на првата фотосесија има...