Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пак направи грешка: Меган Маркл прекрши уште едно кралско правило (фото)

Иако до големата свадба преостануваат уште само неколку месеци, се чини дека свршеницата на принцот Хари и понатаму го нема научено строгиот протокол на британската монархија. Или, пак, тешко ѝ е да го испочитува.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-1.jpg

Откако на традиционалната божиќна миса во Сандригам подигна прашина, плазејќи го јазикот пред очите на јавноста, деновиве Меган Маркл одново беше мета на критики заради непочитување на ригорозните прописи.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-2.jpg

При посетата на Кардиф, поранешната актерка и принцот Хари ги дочекаа мноштво Велшани, кои не го криеjа воодушевувањето од идната припадничка на британското кралско семејство.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-3.jpg

Убавата Американка беше пречекана еуфорично, со цвеќе и подароци. Таа срдечно се поздравуваше со насобраните луѓе пред дворецот во Кардиф, а во текот на средбата со Велшаните, не ја симнуваше широката насмевка од лицето.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-4.jpg

Меѓутоа, поради една малечка обожавателка, пак ѝ се поткрадна грешка, па уште еднаш го прекрши строгиот протокол на монархијата.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-5.jpg

Имено, кога девојчето ја замоли за автограм, сега веќе бившата холивудска актерка веднаш ѝ се потпиша, како што тоа многупати го правела во минатото.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-6.jpg

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-7.jpg

Но, таквиот потег на Меган се коси со кралското правило, кое на членовите на семејството им наложува да не делат автограми, како и да не се согласуваат на селфи фотографии со фановите. А, таа го стори и тоа.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-8.jpg

Според протоколот, автограмот не смее да се дава на други луѓе, затоа што го олеснува потенцијалното фалсификување на кралските потписи. Па, на барањата за автограм, тие вообичаено одговараат со пристојно: „Не, не можам.“  

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-9.jpg

Единствениот исклучок го направи принцот Чарлс, кога на жртви од поплавата во Корнвол им напиша на парче хартија: „Чарлс 2010“. Сепак, кога се правилата во прашање, дури и кралицата Елизабета има прекршено едно од нив

Случајно или намерно, Меган и Хари не испочитуваа шест кралски правила, но ним навистина е тешко да им се најде некаква замерка.

pak-napravi-greshka-megan-markl-prekrshi-ushte-edno-kralsko-pravilo-foto-10.jpg

Особено кога ќе видите колку се слатки, вљубени и среќни. Тие навистина уживаат во својата врска и тоа е прекрасно, зар не? А, на идната војвотка веројатно ќе ѝ појде од рака да ги научи сите правила до денот на венчавката.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд Се запознале на снимање филм, па и покрај разликата од преку 30 години, двајцата...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg