Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дијаметрално спротивни: Како позира пред камерите Кејт Мидлтон, а како Меган Маркл?

Едната е срамежлива, па дури и интровертна, а другата дрско самоуверена. Кејт и Меган се два различни света.

dijametralno-sprotivni-kako=pozira-pred-kamerite-megan-markl-a-kako-megan-markl-01.jpg

Медиумите се преплавени со фотографии од Кејт Мидлтон и Меган Маркл. Двете имаат принцови за партнери, па не е воопшто чудно што се едни од најфотографираните жени на светот.

Двете изгледаат прекрасно на фотките, но сепак постои една голема разлика во начинот на кој „комуницираат“ со камерата, тврди експертот за говор на телот Џуди Џејмс.

Начинот на кој тие позираат открива многу за нивниот карактер:

Кејт Мидлтон веќе седум години е член на кралското семејство и за тоа време била дел од многу официјални посети, настани и патувања. Таа е шармантна убава дама која на фотографиите ретко изгледа сериозно и ретко гледа директно во камерата.

Војвотката од Кембриџ изгледа дури како да се срами малку од објективот. Експертот за говор на тело Џуди вели дека Кејт има пасивна врска со камерата.

„Фактот што таа застана зад камерата за да направи некои од официјалните фотографии на нејзините деца посочува на тоа дека е таа е благо интровертна личност за разлика од самоуверената Меган Маркл“, изјави таа.

dijametralno-sprotivni-kako=pozira-pred-kamerite-megan-markl-a-kako-megan-markl-03.jpg

Џуди додава дека слатката насмевка на Кејт и совршените пози ретко ја откриваат нејзината вистинска емоционална состојба.

„Речиси и не постојат моменти кога таа била уловена од фотографите, а да изгледа нерасположено и нервозно. Реткост е да се пронајде дури и фотографија каде таа гледа директно во камерата, затоа што знае дека директниот поглед ја открива вистинската емоционална состојба на личноста“, вели Џуди.

Од друга страна, Меган изгледа многу посамоуверено кога ја фотографираат. Дури изгледа како таа да е одговорна во ситуацијата. Меган директно го насочува погледот кон објективот.

dijametralno-sprotivni-kako=pozira-pred-kamerite-megan-markl-a-kako-megan-markl-02.jpg

Оваа навика најверојатно ја има од времето на нејзината актерска кариера и појавувањата на црвениот тепих.

„Како и многу млади жени од денешната т.н. селфи генерација и Меган има навика да и се „додворува“ на камерата. Тоа посочува на желба да комуницира отворено“, тврди Џуди.

Во секој случај, и Меган и Кејт изгледаат прекрасно на фотографиите, без разлика дали гледаат во камерата или не.

Нивните различни карактери го прават британското кралско семејство уште позабавно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg