Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бен Афлек ја покажа тетоважата поради која му се смееја бившите (фото)

Популарниот глумец се криеше речиси две години, тврдејќи дека огромната тетоважа на грбот е лажна, односно направена за потребите на филм. Но, се разоткри деновиве, кога папараците го уловија без облека на Хаваи.

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-1.png

Актерот Бен Афлек (45) беше фотографиран за време на тренинг на плажа во Хонолулу, додека со колегите Чарли Ханам, Оскар Исак и Герет Хедлунд се подготвуваа за нивниот претстоен филм „Triple Frontier. 

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-2.jpg

Масивната и колоритна тетоважа, каде е прикажана сцена со птицата феникс во лет, комплетно го прикрива грбот на филмската ѕвезда.

Jавноста ѕирна дел од тетоважата на Афлек, летото во 2015 година, а недолго потоа со сопругата ја најавија нивната разделба.

Во целосно издание беше видена кон крајот на декември истата година, дури тој го снимаше филмот „Live by Night.

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-3.jpg

Наспроти медиумските написи дека станува збор за вистинска тетоважа, Афлек ги демантираше таквите тврдења во март 2016 година. Уверуваше дека не е перманентна, туку привремена:

Таа е лажна и само за филм. Не дека немам повеќе тетоважи, ама се трудам да ги имам на места кадешто не е потребен многу голем труд за да се прикријат. Со тек на време, тетоважите стануваат зависност.“ 

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-4 - Copy.jpg

Додека тој со години се колнеше дека „ремек-делото“ што го носи на грбот не е автентично, ова не ги спречи неговите бивши партнерки гласно да зборуваат на таа тема.

Во интервјуто за Vanity Fair, екс-сопругата Џенифер Гарнер наговести дека не е баш најголем фан на тетоважата.

„Знаете што би рекле во моето родно место? Прости му Боже, не знае што прави!“, изјави Гарнер. „Феникс се издига од пепелта. Дали сум јас пепелта во ова сценарио? Навредена сум. Не сакам да бидам пепел.“, рече таа.

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-5.JPG

Џенифер Лопез, пак, која претходно беше свршена со холивудскиот фраер, исто така не го поштеди од критики. Латино дивата му се потсмеа и го прекори бившиот во дадениот коментар.

„Ужасна е. Што правиш?!“, праша пејачката и додаде: „Неговите тетоважи секогаш имаат премногу бои. Не треба да се толку шарени. Треба да бидат покул.“ 

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-6.jpg

Покрај споменатата птица, Бен Афлек има истетовирано и делфин на десниот колк, којшто го покрива името на средношколската љубов.

Беше виден и со бодликава жица преку десниот бицепс, поголема тетоважа со риба, череп и коски на десната рака, како и иницијали во пределот на рамената.

ben-aflek-ja-pokazha-tetovazhata-poradi-koja-mu-se-smeeja-bivshite-foto-7.jpg

Сега кога собра храброст да ја покаже, предизвика илјадници коментари на социјалните мрежи. Мислењата се поделени. Едни ја нарекуваат „грозна“, додека за другите е „спектакуларна“.

Како ви делува вам?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер? Покрај аферата со дадилката, некои извори тврдат дека Бен Афлек имал афера и со ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg