Австрија победи на Евровизија 2025, две земји со по 0 поени од публиката (видео)

Вечерва во Базел, Швајцарија се одржа 69-тото издание на Евровизија, а победник со песната Wasted Love е Џеј Џеј, претставникот на Австрија.

esc-avstrija-01.jpg

Во големото финале настапија 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, домаќинот Швајцарија и земјите од големата петорка - Шпанија, Италија, Германија, Велика Британија и Франција.

evrovizija-2025-06.jpg

evrovizija-2025-09.jpg

Најмногу гласови од жирито освои Австрија, 258, додека според публиката најмногу поени имаше Израел - 297.

evrovizija-2025-024.jpg

evrovizija-2025-014.jpg

Интересно е што првпат откако се воведени полуфиналните вечери, ниедна земја од поранешна Југославија не настапи во финалето.

Исто така е интересно што две земји освоија 0 поени од публиката и тоа Велика Британија и Швајцарија, иако домаќинот беше во топ 3 по гласањето на жирито.

evrovizija-2025-02.jpg

evrovizija-2025-022.jpg

Годинава во полуфиналињата настапија 4 екс ЈУ држави и тоа Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, но ниедна не помина понатаму.

evrovizija-2025-11.jpg

evrovizija-2025-04.jpg

Македонија трета година по ред не учествуваше, а наш последен претставник беше Андреа Коевска во Торино, 2022.

evrovizija-2025-03.jpg

evrovizija-2025-032.jpg

Погледнете го настапот на победникот:

А. Ј. | Црнобело / фпто: Eurovision.tv

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова д...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...

Најчитани неделава