Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна

Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова димензија во ново издание во соработка со Young Dadi.

area-i-young-dadi-so-nova-verzija-na-hitot-ochi-angelski-25-godini-podocna-01.JPG

Новата верзија излезе во етер синоќа, на 29 октомври, само десет дена пред големиот концерт на Ареа во СЦ „Јане Сандански“, закажан за 8 ноември, по повод 25 години од легендарниот албум „Врати на имагинација".

Видео записот е достапен на YouTube:

„Очи ангелски" е песна која уште во 1999 година беше пред своето време - песна што во секое време звучи безвременски. Денес, 25 години подоцна, добива нова енергија и нова димензија преку соработката со Young Dadi, велат од Авалон.

Видео спотот го потпишува TAKAT Studios, со режија на Александра Костадиновска и дирекција на фотографија од Борис Ралев.

Во видео записот се појавува Мартинa Марковска додека за изгледот на Young Dadi се погрижија Клара Кокев (стајлинг) и Bobcut (коса), а за шминката Зорица Николова.

Уживајте во новото издание на „Очи ангелски“.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Young Dadi ја бара Лидија, но го бакнува Тино Костадиновски? Хаос во лифт! „Лидија“ на Young Dadi не доаѓа тивко, туку со цела приказна. Спот што на прва и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава