Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук

Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Волческа со најновиот сингл „Ведро е“ песна што зрачи со топлина, искреност и љубов.

koga-muzikata-stanuva-semejna-prikazna-volcheska-ja-posveti-pesnata-vedro-e-na-svojot-vnuk-01.JPG

Авторскиот тим е проверена формула на успех, текстот е дело на маестралната Весна Малинова, чиј поетски ракопис носи топлина и вистински човечки допир, додека музиката и аранжманот ги потпишува Дарко Тасев, со препознатливи мелодиски линии и современ звук што совршено ја следи емоцијата на Тамара.

„Беше љубов на прво слушање“ раскажува Волческа. „Не претпоставував дека токму оваа песна ќе ја најде својата светлина и ќе оживее на 40-тото јубилејно издание на Макфест. Тоа беше момент на чиста магија.“

koga-muzikata-stanuva-semejna-prikazna-volcheska-ja-posveti-pesnata-vedro-e-na-svojot-vnuk-03.JPG

Иако јавноста ја познава по силните, емотивни и биографски песни со длабоки пораки, Тамара овојпат избра да ја покаже својата нежна, љубовна и ведра страна. „Ведро е“ е животна филозофија и порака дека светлината секогаш постои, само треба да ја погледнеме.

„Сакав да им ја пренесам на луѓето мојата искрена радост, онаа чиста љубов која не бара ништо, само се дава,“ вели Тамара. „И во моментот кога ја снимав песната, почувствував дека ова сум вистински јас.“

koga-muzikata-stanuva-semejna-prikazna-volcheska-ja-posveti-pesnata-vedro-e-na-svojot-vnuk-05.JPG

Во видео записот за „Ведро е“, снимен во природно и топло светло, Тамара го прикажува најчистиот облик на љубовта: оној помеѓу тетка и внук. Приказната ја слави безрезервната љубов и семејната блискост, каде секој поглед и насмевка има своја тежина и симболика.

На крајот од видеото, стои посвета:„За едно срце што тивко бие, за наскоро најгласно да се смее.“

Па додава: „Ако носам толку голема љубов за моите внуци, не можам ни да замислам колку ќе си го сакам своето дете.“

koga-muzikata-stanuva-semejna-prikazna-volcheska-ja-posveti-pesnata-vedro-e-na-svojot-vnuk-10.JPG

Настапот на Тамара на јубилејното 40-то издание на Макфест беше своевидна музичка приказна сама по себе. Во елегантна бела комбинација, симбол на чистота, искреност и нов почеток и со рачно исцртано сако во боите на сонцето, Волческа ја донесе на сцената својата вистинска суштина: светлина, топлина и ведрина.

Публиката ја награди со аплауз и емоција, препознавајќи дека „Ведро е“ не е само уште една песна, туку вистинска порака за љубов, живот и благодарност.

Слушнете ја „Ведро е“:

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...

Најчитани неделава