Кој плаќа за облеката на Меган Маркл?

Меган Маркл за само неколку месеци покажа импресивни комбинации со кои се вклопи во модната слика на кралското семејство, но дел од нив имаат „солена“ цена. Па, оттука започна интересот на темата кој плаќа за нејзината облека за овие појавувања и кралски должности?

koj-plakja-za-oblekata-na-megan-markle-2.jpg

Пример, белото палто кое го носеше неодамна во комбинација со бела капа чинеше околу 2.000 долари.

koj-plakja-za-oblekata-na-megan-markle-3.jpg

koj-plakja-za-oblekata-na-megan-markle-1.jpg

Медиумите отидоа дотаму што пресметаа колку точно чинеле сите аутфити на Меган за досегашните официјални појавување – 28.688 долари, да бидеме попрецизни.

Меган и Хари си ја плаќаат облеката сами, велат репортери на People и потенцираат дека е против кралскиот протокол да прифаќаат бесплатни парчиња облека.

Кејт Мидлтон има строго и јавно правило дека не прифаќа бесплатна облека, а за кралските турнеи во светот секогаш сама се финансира кога е во прашање облеката. Поточно, нема одреден кралски буџет кој го покрива нејзиниот изглед.

Иако асистентите на Кејт соработуваат со многу дизајнери и модни куќи, парчињата облека кои ќе ги земат, а нема да бидат облечени – ги враќаат. Оние кои Кејт ќе ги носи – си ги плаќа и задржува. Затоа и е фан на модно рециклирање.

По нејзини стапки очигледно тргнала и Меган Маркл, која за секое појавување одвојува од своето „скромно“ богатство проценето на 5 милиони долари, за да изгледа елегантно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg