Џеј Ло во раскошен златен фустан на црвен тепих со Алекс Родригез (фото)


Џеј Ло во раскошен златен фустан на црвен тепих со Алекс Родригез (фото)

Џенифер Лопез е пример за тоа како секоја жена посакува да изгледа на 48 години.

j-lo-vo-raskoshen-zlaten-fustan-na-crven-tepih-so-aleks-rodrigez-foto-01.jpg

Пејачката секогаш изгледа совршено каде и да се појави, независно во каква комбинација е облечена – од спортска до елегантна.

Во вторникот таа се појави на црвениот тепих на TIME100 галата, заедно со нејзиниот сакан Алекс Родригез.

Џеј Ло секако, беше во центарот на вниманието, облечена во златен раскошен фустан на Zuhair Murad, со висок шлиц и длабоко деколте.

Косата прибрана во ниско опавче, минимална шминка, дијамантски обетки искомбинирани со неколку бразлетни и прстени - и нејзиниот изглед е совршен.

Таа беше придружувана од нејзиниот партнер Алекс, кој секогаш ја прати со елегантниот избор на облека.

Погледнете како изгледа парот на црвениот тепих:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Алекс Родригез дома си пронајде 17 години стара фотка со автограм од Џ... Судбината има чудни планови. Алекс Родригез сигурно не замислувал дека поп диват...
Ретро фотки со коса од Вин Дизел, Џејсон Стејтам и уште 4 ѕвезди кои д... Тие се секси и самоуверени и се слабост на многу жени ширум светот... Но, како и...
Моден погодок или утка: Џеј Ло со огромен шешир, Алекс во шарено сако ... Некои ги опишаа како најдобро облечен и стилски пар, други пак, ги ставија Алекс...