Зошто Кајли Џенер ја криеше бременоста?

Ријалити ѕвездата со месеци ја криеше убавата вест од фановите, но експертите тврдат дека тоа била вистинската одлука.

zoshto-kajli-dzener-ja-krieshe-bremenosta-01.jpg

Кајли Џенер на 1-ви февруари објави на Инстаграм дека стана мајка на девојче, а до тој миг светот не знаеше за нејзината бременост.

Освен некои гласини, таа во ниту еден миг не откри дека очекува принова.

zoshto-kajli-dzener-ja-krieshe-bremenosta-05.jpg

Зошто 20-годишната мајка ја криеше бременоста?

Да се води живот пред очите на јавноста, како што води Кајли Џенер, e навистина стресно, па веста за бременоста ќе ставеше дополнителен товар врз нејзините раменици затоа што јавноста ќе почнеше со осудите дека е премлада, дека не е во брак итн.

За да се заштити од сиот тој критицизам и осуда, таа одбра да молчи со месеци.

zoshto-kajli-dzener-ja-krieshe-bremenosta-04.png

Rachel Waddilove, автор на книгата „The Baby Journal“ вели дека со тоа ријалити ѕвездата се заштитила и од притисоците каков начин на живот да води во бременоста, па потоа дали да дои, какви рутини да постави и низа други работи кои им прават огромен притисок на младите мајки.

„Живееме во време кога сè е јавно, дури и тоа дали вашето дете пиело чај. Лудо е. Но, кој и да сте имате право на приватност и ѝ симнувам капа на Кајли поради тоа. Познатите дами кога се трудни со појавувањата во медиумите имаат огромен товар како ќе се одвива бременоста и работите потоа.

Социјалните медиуми, иако имаат добра страна, тие се штетни ако не се користат правилно – ви го одземаат правото на слободен избор. Опасно е и стресно, да слушате критики, особено ако сте млада мајка“, вели таа и додава дека Кајли е во фокусот на таблоидите  и најдобрата одлука што можела да ја донесе е да ја крие бременоста.

zoshto-kajli-dzener-ja-krieshe-bremenosta-03.png

Кајли и самата изјави дека немало голема платена објава на бременоста, туку едноставно не ја кажала веста за бебето да не го почувствува секој стрес и секоја лоша емоција која ќе имала таа во текот на бременоста. Тоа го направила за своето малечко и неговата среќа.

zoshto-kajli-dzener-ja-krieshe-bremenosta-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg