Најбрзите свршувачки во светот на славните (фото)

Љубовта понекогаш се случува „на прв поглед“, брзо и непланирано. А кога се работи за чувствата, пребрзото поставување на клучното прашање кое доаѓа со прстен на раката се чини сосема оправдано, нели?

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite-01.jpg

Голем дел од славните дејствуваат импулсивно, а пребрзото свршување не претставува никаков исклучок. Членовите на семејството Кардашијан како да водат пред сите други во најбрзите свршувачки, кои и не се покажале како премногу успешни но крајот.

Но, некои од ѕвездите успеваат да го одржат својот брак и покрај релативно брзата веридба. Погледнете ги најбрзите побарувања и свршувачки во светот на славните:

Хејли Болдвин и Џастин Бибер

Откако официјално одекна веста, односно Бибер изјави дека Хејли е љубовта на неговиот живот, сите прилично се изненадија од оваа свршувачка, со оглед на фактот што двојката веќе неколку пати претходно има раскинато.

Прашањето се постави и потврдно се одговори на Бахамите, додека двојката беше на летен одмор, само неколку недели откако претходно се смирија.

Што ли има да каже Селена на ова?

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite (10).jpg

Пит Дејвидсон и Аријана Гранде

Дејвидсон прв ги потврди гласините околку нивната свршувачка во The Tonight Show. Двојката се сврши во јуни 2018 година, по само 3 недели состанување.

Прилично храбар потег.

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite (4).jpg

Емили Ратајковски и Себестијан Бер-МекКлард

Наводно, двајцата се знаат повеќе години наназад. Сепак, започнале официјално да се состануваат пред одреден временски период, а само 2 недели подоцна ја озаконија во Градското собрание во Њујорк.

Кога ја запросил, Себастијан не носел прстен со себе, па се послужил со спојувалката на сметката во ресторанот. Од неа направил прстен, што Емили смета дека е навистина романтично.

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite (5).jpg

Клои Кардашијан и Ламар Одом

Уште еден пар кој се вери само 2 недели по нивното запознавање. 2 недели подоцна пак направија свадба, во септември 2009 година. Бракот, изненадувчки траеше дури 7 години, бидејќи двојката се разведе во 2016 година.

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite (2).jpg

Роб Кардашијан и Блек Чајна

Се верија 4 месеци по запознавањето, но сепак не успеаа законски и легитимно да ја потврдат врската, бидејќи се разделија пред свадбата. Заедно ја имаат ќеркичката Дрим Кардашијан.

Najbrzite-svrshuvacki-vo-svetot-na-slavnite (1).jpg

Уште 5 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ги избриша фотките од свадбата, не го носи прстенот – Аријана Гранде ќе се разведува по 2 години бра... Аријана Гранде и Далтон Гомез пред околу два месеца ја прославија втората годишн...
Тамара и Мачка, Рики Мартин и Џуан Џозеф - Разводи што ја одбележаа 2023 година Кои познати личности одлучија да стават крај на браковите во 2023-та година (и д...
Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Скиентолог е, црквата му помагала да ги прикрие силувањата – Што знаеме за ѕвездата од That ’70s Sho... Се прослави со серијата That ’70s Show, цел живот е скиентолог, а сега сосема во...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Помалку познати факти за бракот на Хејли и Џастин Бибер: Тој спие во посебна комора, делат продукти ... Имаат чуден прекар со којшто си искажуваат љубов, на настаните одат облечени во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg