Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џоли се плаши за децата, Aнистон мрази лажни фотки: Зошто големите ѕвезди немаат Инстаграм?

Џенифер Анистон

Холивудската миленичка беше сурово искрена во коментарот за Инстаграм. Таа е ужасната од лажните фотографии.

„Луѓето користат филтри и други алатки за да го сокријат она што навистина се.“

Џенифер Анистон ја доживува социјалната мрежа единствено како ресурс што придонесува кон развој на нарцизам.

djoli-se-plashi-za-decata-aniston-mrazi-lazhni-fotki-zoshto-golemite-dzvezdi-nemaat-instagram-7.jpg

Џорџ Клуни

Наспроти огромниот интерес за брачниот пар, ниту господин, а ни госпоѓа Клуни немаат лични профили на Инстаграм. Судејќи по изјавите на глумецот, тие планираат и да остане така.

„Не гледам потреба да ѝ бидам во толкава мера достапен на јавноста.“

Обожавателите кои со нетрпение ги чекаат фотките од Џорџ и Амал, сепак ќе останат покуси за нивно „стори“ од приватниот живот.

djoli-se-plashi-za-decata-aniston-mrazi-lazhni-fotki-zoshto-golemite-dzvezdi-nemaat-instagram-8.jpg

Анџелина Џоли

За жал, или, пак, среќа, ни прекрасната глумица и хуманитарка не е присутна на социјалната мрежа. Таа сподели дека одлуката делумно ја донела поради сигурноста на децата.

„Интернетот за мене е нов и застрашувачки простор. Ме плаши дури и да ја замислам опасноста на која се изложени децата кога комуницираат на социјалните мрежи.“

Кога Анџелина Џоли би имала Инстаграм, веројатно нејзиниот профил ќе беше еден од најпосетените во историјата.

djoli-se-plashi-za-decata-aniston-mrazi-lazhni-fotki-zoshto-golemite-dzvezdi-nemaat-instagram-9.jpg

Џони Деп

Еден од најпосакуваните мажи, пак, преплашен е од можноста да види информации кои би го вознемириле.

„Никогаш не следам вести за себеси. Не сакам да го правам тоа.“

Ова е очигледно причината зошто Џони Деп не сака да си отвори профил на Инстаграм. Хејтерите како никогаш порано се присутни на социјалната мрежа.

djoli-se-plashi-za-decata-aniston-mrazi-lazhni-fotki-zoshto-golemite-dzvezdi-nemaat-instagram-10.jpg

М. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Ку... Родителите на Мила Кунис одлучиле да ја напуштат Украина бидејќи биле Евреи. А, ...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин? Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го д...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg