Листа на бивши: Ѕвезди кои биле со најмногу партнери низ годините
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Листа на бивши: Ѕвезди кои биле со најмногу партнери низ годините

Не е тајна дека љубовните авантури на славните не се многу трајни и права реткост е да станува збор за вистинска љубов помеѓу ѕвездите.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-01.jpg

Иако има и такви парови, сепак голем дел од нив се само минливи авантури, а некои ѕвезди навистина го кршат рекордот со бројката на партнери во минатото.

Леонардо ди Каприо е познат „женкар“ кој низ годините се има гледано со голем број славни дами, а со ниту една од нив не останал за сериозно.

Но, исто како него, постојат и други славни мажи, па и жени кои имале многу љубовни афери.

Погледнете ја листата на бивши партнери на дел од ѕвездите:

Тејлор Свифт

Многумина дури се шегуваат дека таа излегува со момчиња само за да ги претвори во бивши и да напише уште една тажна песна за раскинување.

Во нејзината листа на бивши се наоѓаат: Џо Џонас, Џон Мајер, Тејлор Лаутнер, Конор Кенеди, Хари Стајлс, Калвин Харис, Џејк Џиленхол и уште некои познати личности.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-02.jpg

Сијара

Споредено со Тејлор, таа е помирна, а пред Расел Вилсон со кој е омажена, Сијара се гледала со 50 сент, Future и уште неколку рапери.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-03.jpg

Џорџ Клуни

Ретко која жена може да одолее на шармот на Џорџ клуни, а низ годините тој излегувал со многу жени.

Дел од нив се Тери Хачер, Рене Зелвегер, Кели Престон, Стејси Киблер, Луси Лиу, Талиа Болсам и уште многу други пред да „падне“ пред Амал.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-04.jpg

Камерон Диаз

Не е чудно што оваа холивудска убавица била со многу славни заводници, меѓу кои Џастин Тимберлејк, Мет Дејмон, Бредли Купер, Џерард Батлер, Алекс Родригез, Џаред Лето.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-05.jpg

Џастин Тимберлејк

Листата на Џастин со бивши девојки е исто така импресивна, а низ годините тој излегувал со Линдзи Лохан, Бијонсе, Ферги, Бритни Спирс, Алиша Кис, Џена Деван, Камерон Диаз, Скарлет Јохансон и многу други пред да се заљуби во Џесика Бил.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-06.jpg

Леонардо ди Каприо

Овој заводник може слободло да се каже дека има излегувано со половина од жените во Холивуд, како и со многу други, а на листата се наоѓаат Наоми Кемпбел, Жизел Бундшен, Деми Мур, Парис Хилтон, Ријана, Блејк Лајвли, Бар Рафаели и уште многу други.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-07.jpg

Бредли Купер

Овој актер исто така може да се пофали со долга листа на девојки со кои излегувал, помеѓу кои се наоѓаат Зое Салдана, Рене Зелвегер, Џенифер Лопез, Оливија Вајлд, Денис Ричардс, Камерон Диаз и уште многу други пред да ја пронајде вистинската – Ирина Шајк.

lista-na-bivshi-dzvezdi-koi-bile-so-najmnogu-partneri-niz-godinite-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои не беа поканети на свадбата на Хари и Меган, иако ... Уште пред да се одржи кралската свадба, беше јасно дека ќе има многу славни личн...
Ѕвезди кои во 2017 целосно го променија својот изглед Секоја девојка знае дека промената на фризурата може многу да допринесе за целос...
3-те бивши на принцот Хари, Деми Мур, Кејт Мос - што носеа познатите н... Од Роби Вилијамс до Кара Делевињ, познатите личности изгледаа префинето и гламур...