Не им се обраќа на стјуардесите во приватниот авион и уште 9 работи кои ја прават Џеј Ло вообразена дива


Не им се обраќа на стјуардесите во приватниот авион и уште 9 работи кои ја прават Џеј Ло вообразена дива

Иако постоеше период кога беше нормална ѕвезда без посебни барања, сепак славата и милионите очекувано ѝ „удрија“ во глава.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-01.jpg

49-годишната Џеј Ло е долго време во музичката индустрија и владее во неа, па очигледно е очекувано да има и многу барања кои треба да ѝ бидат исполнети.

Пејачката има посебни барања за зад сцената кога настапува, за хотелските соби во кои престојува и одбива да пешачи дури и на кратки дистанци, па бара 7 лимузини да ја придружуваат.

Иако сите ја сакаат, сепак постојат лимити, а ова се некои од работите кои докажуваат дека е уште една вообразена дива:

1. „Излудува“ ако во хотелските соби не ја чекаат мирисливи свеќи со мирис на лимон и грејпфрут.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-02.jpg

2. „Џени од блокот“ сепак не може да пешачи ниту три блока и бара 7 лимузини да ја следат до ресторан на 200 метри.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-03.jpg

3. Собарка од хотел во Германија побарала автограм од нејзината асистентка, а следниот ден добила отказ бидејќи Џеј Ло наводно се жалела.

4. Носи дијамантски слушалки од 5.000 долари за да не ја слуша вревата додека се вози во нејзиниот брод.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-04.jpg

5. Таа ги игнорира вработените во нејзиниот приватен авион и им се обраќа исклучиво преку нејзиниот личен асистент, без воопшто ниту да ги погледне.

„Ја прашав што ќе се напие, а Џен ја сврте главата и се обрати на нејзиниот асистент велејќи – Те молам кажи му дека сакам диетална Coca Cola и лимета. А, изгледаше толку фино во филмовите.“ – изјавил еден од стјуардите.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-05.jpg

6. Настапите на помал приватен настан или во клуб чинат околу 1.2 милиони долари, но ако сакате Џеј Ло да ви пее на свадба, треба да платите околу 5 милиони долари, според информациите од една руска свадба.

7. Иако е израсната во Бронкс во сиромашни услови и зборува за тоа колку е поврзана со нејзините корени, сепак во 2011, кога требало да сними реклама за Fiat, одбила да снима во Бронкс и за тие сцени се користел дублер.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-06.jpg

8. Барањата на Џеј Ло за појадок во кревет вклучуваат – кајгана, сланина, палачинки, бело тост лепче, компири и едно многу специфично барање – храната мора да биде топла, без разлика  кога таа ќе ја јаде.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-07.jpg

9. Затвара цели бутици на неколку часа, за таа да може на раат сама да разгледува, пробува и купува дизајнерски парчиња.

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-08.jpg

10. Медиумите тврдат дека бидејќи таа го обожава телото на Алекс Родригез, бара гаранција дека тој нема да се запушти во бракот – сте слушнале ли за таков услов за брак?!

ne-im-se-obrakja-na-stjuardesite-vo-privatniot-avion-i-ushte-9-raboti-koi-ja-pravat-djej-lo-voobrazena-diva-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло со длабоко деколте и перика од кристали, покрај тазе вереникот ... Пред 20 години таа првпат присуствуваше на најголемата модна вечер, а оваа годин...
Сите 4 прстени со кои поранешните партнери ја запросија Џеј Ло пред Ал... Иако во брак била со тројца мажи досега, сепак Џеј Ло беше запросена 4 пати пред...
Џеј Ло од глава до пети во бојата која ќе ја означи 2019-та година (фо... Откако Pantone ја објави бојата за 2019-та година, славните побрзаа први да ја о...