Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите зборуваат за скромната венчавка на ќерката на сопственикот на Зара - шестиот најбогат човек во светот

Марта Ортега, ќерката на таинствениот милијардер Амансио Ортега, шестиот најбогат човек на светот чие богатство се проценува на 63,8 милијарди долари, му го кажа судбоносното „Да“ на Карлос Торет, на интимна церемонија која се одржала во семејната куќа во Галиција.

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara-01.jpg

Викендот за наследничката на кралството „Индитекс“ во чиј склоп се модните брендови Zara, Bershka, Pull&Bear, Stradivarius, Massimo Dutti, Oysho, Zara Home и Uterqüe, бил исполнет со коктел забава и свечена вечера заедно со гостите кои пристигнале од сите краеви на светот.

Русокосата 34-годишна Марта одбрала необична, но нежна венчаница со потписот на модната куќа Валентино, а младенците ги овековечил славниот фотограф Питер Линдберг.

Марта е најмладата од трите деца во фамилијата Ортего, а работи како виш креативен консултант во Зара.

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara (8).jpg

Обожава да јава коњи, а ова е нејзиниот втор брак, откако претходниот брак со познат шпански јавач траел помалку од 3 години, со кого Марта има синче, Амансио Јуниор.

Новиот избраник Карлос Торет и самиот е дел од модниот свет. Тој е син на модниот дизајнер Роберт Торет, а живеел и работел во Њујорк како агент на славните модели како Адријана Лима и Кендал Џенер.

По интимната венчална церемонија на која присуствувале само членовите на семејството и најблиските пријатели, а се одржала во родниот град на нејзиниот татко, Ла Коруња, следувало славје со раскошна вечера.

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara (1).jpg

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara (2).jpg

site-zboruvaat-za-skromnata-vencavka-na-kerkata-na-sopstvenikot-na-zara-shestiot-najbogat-covek-vo-svetot.jpg

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara_4.jpg

На свадбата присуствувале околу 400 гости, меѓу кои и многу славни и познати лица, како принцезата Шарлот Касираги, внуката на Аристотел Оназис – Атина Оназис и Џесика Спрингстин, ќерката на Брус Спрингстин, со која Марта ја дели истата страст кон јавањето.

Исто како и нејзиниот татко, и Марта живее мошне повлечено и ги избегнува интервјуата. За неа се знаат навистина малку детали.

Ортега е етикетиран како мошне таинствен бизнисмен кој ретко се појавува во јавноста и уште поретко дава интервјуа. Магазинот Форбс проценил дека тој годишно заработува 400 милиони долари само од дивиденди кои генерално доаѓаат од недвижности кои Ортега ги поседува во сите делови од светот.

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara_5.jpg

Skromnata-vencavka-na-kjerkata-na-sopstvenikot-na-Zara_3.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД Со имиџот на совршена домаќинка и мајка, Марта Стјуарт стана првата Американка к...
10 деца на славни личности кои се поубави и од родителите Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, ќерката на Лени Кравиц и Лиса Боне… Ќерк...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg