Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам и Кејт?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 20-03-2019


Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам и Кејт?

Тие не сакаат детето да си го растат во златен кафез, плус изгледа односите помеѓу Кејт и Меган не се најсјајни.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-01.jpg

Принцот Вилијам со Кејт Мидлтон и принцот Хари со Меган Маркл живееја во апартмани во склоп на Кензингтонската палата. Вилијам во најголемиот апартман со 20 спални соби, додека Хари во апартман само со 2 соби.

Но, сега пред пристигнувањето на неговото прво дете Хари ќе се отсели оттаму и заедно со Меган ќе живеат во вилата Фрогмор на имотот Виндзор, која има 10 спални соби.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-09.JPG

Една од причините за преселбата е што вилата Нотингем ќе им биде премала по пристигнувањето на детето, а кај нив сигурно ќе преспива и мајката на Меган, Дориа, која ќе им помага во грижата за него.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-06.jpg

Исто така, Меган е позната по одлучноста и своеглавоста, па не е чудно што таа ги размрдала работите. Особено затоа што е познато дека не изгради близок однос со Кејт Мидлтон.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-03.jpg

Извор близок до Војвотката од Сасекс вели дека едноставно тие две се сосема различни типови на луѓе и дека вкусот на Меган е специфичен и не се совпаѓа со тој на Кејт. Таа е независна и ќе ѝ биде тешко доколку остане во Кензингтонската палата, каде има многу правила, изјави извор близок до Меган.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-04.jpg

Тие сакаат да избегаат од златниот кафез, плус овој имот е отворен за јавноста само неколку дена во годината и таму е мирно, тивко и приватно, за разлика од Кензингтонската палата.

Единствен проблем е што Меган и Хари ќе треба да патуваат пo 40 километри за извршување на кралските обврски во Лондон.

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-07.jpg

zoshto-hari-i-megan-markl-kje-se-selat-vo-nov-dom-na-strana-od-vilijam-i-kejt-02.jpgВилата Фрогмар каде ќе живеат Меган и Хари

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пр... Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...
Дали на Меган Маркл ѝ заврши фазата на „меден месец“? Нејзината дрскост во односот кон Кејт Мидлтон, како и во односот кон луѓето од п...
Храна која Меган Маркл не смее да ја јаде додека е бремена Во кралското семејство има многу правила кои членовите треба да ги следат, а Мег...