Како Кејт Мидлтон се труди да не го засени Вилијам, а Меган се труди да е главна?


Како Кејт Мидлтон се труди да не го засени Вилијам, а Меган се труди да е главна?

Кејт Мидлтон со посебни тактики му дозволува на нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија, да биде во прв план.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-01.jpg

Кејт Мидлтон е една од најфотографираните жени на светот, но кралските експерти тврдат дека таа постојано им отежнува на фотографите да направат фотографија од неа.

Постојано се труди да не го засени својот сопруг Вилијам.

„Колку што Кејт не им помага на фотографите, толку Меган им помага“, изјави еден од фотографите на кралското семејство.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-04.jpg

Кога Кејт излегува од автомобилот речиси секогаш бира тоа да биде страна од кај што нема толку фотографи, кога минува кај нив забрзува, се затскрива со косата или гледа на другата страна.

За разлика од неа, Меган Маркл, која веќе имала кариера во Холивуд и има искуство со позирање на јавни настани, мавта уште од автомобилот додека се приближува, излегува од страната кај што се фотографите, не позира, но подзастанува кај нив, се врти наоколу и им е од голема помош.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-09.jpg

Можеби тоа е една од причините зошто популарноста на Меган, некако бргу ја надмина онаа на Кејт. Кога ќе се појават Меган и Хари толпата реагира многу побурно, отколку кога ќе се појават Кејт и Вилијам.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-06.jpg

Сепак, Кејт намерно сака да остане во сенка, таа има за цел да му дозволи на својот сопруг Вилијам да биде во прв план, затоа што тој е идниот крал на Велика Британија. Иако сакаме да видиме фотографии од нив на кои искажуваат спонтани емоции тоа е реткост, затоа што Вилијам се огледува во умереноста на кралицата Елизабета.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-02.jpg

Кејт му е поддршка и сака да се повлече од јавноста секој пат кога е можно, за разлика од Меган која сака да работи на својата популарност.

Хари, од друга страна, може да биде поопуштен од Вилијам затоа што тој најверојатно никогаш нема да стане крал.

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-08.jpg

kako-kejt-midlton-se-trudi-da-ne-go-zaseni-vilijam-a-megan-se-trudi-da-e-glavna-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Кејт Мидлтон се одлучи за ист аутфит по 4-ти пат за кралската св... Кејт Мидлтон е позната по тоа што без проблем облекува исти парчиња по неколкупа...
Кејт Мос со целулит и виснато стомаче на јахта со 13 години помладиот ... Кејт Мос е позната по тоа што „појадуваше“ шампањ, ручаше „вотка“, па продолжува...
Единствениот бивши партнер на Кејт Мидлтон на кој принцот Вилијам е љу... Со оглед на тоа што Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не ја кријат паузата која ја ...