Зошто Меган Маркл носи штикли, дури и во лежерните пригоди кога може да облече ниски чевли?


Зошто Меган Маркл носи штикли, дури и во лежерните пригоди кога може да облече ниски чевли?

Високите штикли имаат моќ да ја зголемат самодовербата на секоја жена, но тоа не е причината зошто Меган Маркл преферира висока потпетица, наместо балетанки или патики.

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-1.jpg

Додека Кејт Мидлтон знае да се појави во спортски патики или ниски балетанки, Меган Маркл многу ретко ја гледаме во рамни обувки.

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-01.jpg

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-02.jpg

Дури и на спортски терени и кралски должности кои вклучуваат физичка активност, Меган одбира тенки штикли.

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-03.jpg

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-04.jpg

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-05.jpg

Зошто? Очигледно не се работи за никакво кралско елегантно правило, со оглед на тоа колкупати Кејт би го прекршила.

Причината што Меган Маркл во присуство на принцот Хари ја гледаме многу почесто во штикли, наводно е нивната разлика во висината.

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-06.jpg

Хари е висок 186 сантиметри, додека Меган е висока 171 сантиметар. Иако има парови со многу подрастична разлика во висината, Меган смета дека визуелно, балансот се нарушува доколку таа облече ниски чевли.

Тоа го потврдува и славниот фотограф Глен Гратон.

zosto-megan-markl-sekogas-nosi-stikli-duri-i-vo-lezernite-prigodi-koga-moze-da-oblece-niski-cevli-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл, по рамните сандали, за првпат облече патики на кралска до... По низата појавувања во елегантни изданија со високи потпетици, Меган деновиве с...
Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пр... Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...
Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам ... Тие не сакаат детето да си го растат во златен кафез, плус изгледа односите поме...