Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најмени папараци, дрога за време на снимањето - 10 мрачни тајни кои го откриваат вистинското лице на Холивуд

Моќната холивудска мафија

Холивуд се обидува да се прикаже како град на екстраваганција и гламур, но тој има особено мрачно минато, кое воопшто не е гламурозно. Напротив, станува збор за сомнително минато.

Гласините се дека мафијаш по име Мики Коен управувал со подземјето на Холивуд. Криминалните организации на Коен буквално владееле и ја управувале индустријата онака како што сакале. Ова е една валкана тајна која Холивуд дефинитивно сака да ја избрише од своето минато.

10-mracni-tajni-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-Holivud (9).jpg

Луѓе кои се специјализирани за решавање на проблемите

Во еден совршен свет, ѕвездите никогаш не запаѓаат во неволји и имаат беспрекорна кариера и однесување. Но, вистината е дека и славните на крајот од денот се обични луѓе и прават многу непромислени грешки.

Во тие моменти еден од луѓето кои ги имаат на располагање е Мајкл Ситрик, човекот чија специјалност е решавање на овие проблеми.

Ситрик со години ја има репутацијата на „спин-мајстор“, човекот кој има талент да ја претвори негативната ситуација во позитивна.

10-mracni-tajni-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-Holivud (8).jpg

Стареењето кое се контролира по секоја цена

Да, во Холивуд едноставно не е дозволено да остарите. Многу од актерките лажат за своите години, само да ја добијат улогата и посакуваното внимание.

Во филмската индустрија најголемиот адут е секако – младоста. Не е важно само колку години покажува вашата лична карта, потребно е секако да изгледате младолико, а тука доаѓа на помош скапата естетска хирургија.

10-mracni-tajni-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-Holivud (4).jpg

Неверства и разводи

Што би бил Холивуд без бројните неверства и разводите кои повеќе не ги собира на прстите од едната рака?

Анџелина Џоли е само една од ѕвездите која ја доби етикетата „растурачка на бракови“, откако флертуваше со Бред Пит за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, додека тој сè уште беше во брак со Џенифер Анистон.

Кристен Стјуарт пак беше „уловена“ во афера со режисерот на филмот „Snow White and the Huntsman“, Руперт Сандерс, додека беше во врска со Роберт Патинсон.

Ова се само 2 од безбројните примери кои укажуваат дека моногамијата и верноста во Холивуд се една голема лага.

10-mracni-tajni-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-Holivud (1).jpg

„Тајни“ деца

Сите беа шокирани од фактот колку долго Ева Мендез го криеше своето стомаче, односно бременоста, но вистината е дека таа е вистински аматер во споредба со ѕвездите кои долги години ги криеја своите „тајни“ деца.

Лив Тајлер дури на 8-годишна возраст дознала дека нејзиниот биолошки татко е пејачот Стивен Тајлер. Таа самата ги открила парчињата од сложувалката, особено поради огромната физичка сличност помеѓу таткото и ќерката.

10-mracni-tajni-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-Holivud (10).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg