Третман на кожата со пијавици, терпентин против настинка - Најглупавите совети кои ги дале познатите досега
- Детали
- сабота, 12 јануари 2019
Познатите личности се добри за многу работи. Најчесто нè забавуваат, понекогаш донираат дел од своите пари во добротворни цели. Нивните скандали се секогаш интересни и привлечни за споделување.
Но, она во што не се добри е давањето совети. Можеби тоа сепак не е нивна вина, информираноста сепак не припаѓа во описот на нивната професија.
Сепак, некои од нив досега споделиле толку неточни и нелогични совети, а најлошото е што луѓето се водат по нивниот памет, односно советите, како на пример:
Тифани Хадиш тврди дека Владата во САД не сака да ги дознаете здравствените придобивки од пиењето терпентин (смола од иглолисни дрвја), особено колку добар лек е за лекувањето настинка. Актерката дополнително појаснува дека една лажица терпентин нема да ве убие… но, научниците велат дека може.
Мајли Сајрус споделила со фановите дека безглутенската диета го зајакнува менталното и физичкото здравје. Науката сепак вели дека безглутенската диета им е неопходно само на луѓето кои страдаат од целијакија.
Елен Помпео можеби глуми успешна докторка во Grey’s Anatomy, но дефинитивно нема поим од медицината. Имено, во гостувањето кај Елен ги повикала жените редовно да прават ехо на карлицата со цел навреме да го откријат ракот на јајниците. Проблемот е во тоа што ваквата состојба не може да се детектира со никакво ехо, најмалку пак на карлицата. Тоа барем го тврдат вистинските доктори.
Шајлин Вудли ги советува обожавателите да консумираат глина, бидејќи само таа има моќ да ги исфрли тешките токсини од организмот. Докторите тврдат дека човечкото тело на просечниот човек не е преполно со вакви тешки токсини како што тврди актерката, а истите може да бидат отстранети со помош на бубрезите, односно црниот дроб.
Миранда Кер обожава третмани на лицето кои вклучуваат живи пијавици. Според неа тие исцицуваат дел од крвта од вашето лице, а остатокот го размачкувате по кожата. Најдобрите дерматолози тврдат дека ова е непотребно и бесмислено.
Шон Конери во едно интервју изјавил како смета дека удирањето на жена е сосема во ред, сè додека не ја удрите силно како што би удриле еден маж.
Марта Стјуарт ја советувала својата ќерка дека доколку нејзиниот сопруг е богат, но грд, не ви требало да има негови деца. Подобро е да најде згоден и привлечен дечко и да има негово дете, коешто ќе го одгледува со сопругот.
Ким Кардашијан е кралица на бесмислените изјави и совети: Бременоста не е повеќе во мода. Што се однесува на модните совети во бременоста: Никогаш не излегувај од куќата, а доколку излезеш носи големо ќебе околу себе.
Доколку страдате од постпородилна депресија, Том Круз го има вистинскиот совет за вас – витамини и физичка активност. Но, никогаш, никогаш не треба да земете анти-депресив според него.
Гвинет Палтроу ги советува жените доколку сте имале огромна караница со вашиот партнер, да го закопате гневот, а потоа да му пружите орално задоволство.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





