Криси Тајген и мамурна успеа да ги засени сите на црвениот тепих на Critics' Choice наградите 2019
- Детали
- понеделник, 14 јануари 2019
Една недела по Златните Глобуси, славните личности се појавија на црвениот тепих на Critics' Choice Awards, а најголем впечаток остави Криси Тајген.
Иако во последно време ретко ја гледаме на вакви настани, сепак Криси знае како да го сврти вниманието кон себе на црвениот тепих.
Утрото пред настанот, Криси објави видеа од кревет, поспана и очигледно мамурна со многу брза храна околу неа, во кое се жали дека мора да се подготвува за Critics' Choice наградите.
Можеби била мамурна и изморена од славењето на роденденот на сопругот Џон Леџенд претходната вечер, но супермоделот не дозволи никој да го забележи тоа (освен кога сама го признава).
-->-->— christine teigen (@chrissyteigen) January 13, 2019
На настанот се појавија многу славни дами, а на црвениот тепих преовладуваа црни, бели и сиви комбинации.
Сепак, Криси успеа да ги засени сите, облечена во бел фустан кој го открива нејзиното бујно деколте и со висок шлиц.
Погледнете како изгледаше 33-годишната мајка на 2 деца покрај останатите на црвениот тепих:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





